Во која држава веќе има и трет бран на коронавирус?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Септември, 2020
Иранците веќе се соочуваат со третиот бран на Ковид - 19.
Тој почна на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.
Поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.
Од Зали властите побараа повторно да воведат рестриктивни мерки.
„Во писмото до министерот за здравство побаравме повторно воведување ограничувања со цел да се сузбие вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, изјави Зали, објави ТАСС.
Бројот на нови заразени повторно се зголеми, а во последните три дена дневниот број на новоинфицирани е над 3.000.
Иран на 15 јули објави дека е во тек вториот бран.
Во светот има 31.2 милиони заразени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.