23 Ноември, 2024
0.0363

ВО ЛЕТО НЕ СЕ МИСЛИ НА КУПУВАЊЕ КОЛА - падна продажбата на половни автомобили, еве кои се причините

Објавено во: Економија 20 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Ако март, април, мај и јуни годинава беа „златни“ за увоз на половни возила во земјава, тоа сигурно не може да се каже за јули, кога значително опаднал бројот на увезени употребувани автомобили во државава.

Затоа, пак, иако нови коли се увезуваат многу помалку од користени, сепак нивните набавки се во нагорен тренд во последниве месеци.

Ако се погледнат статистиките на Царинската управа на Македонија, ќе се забележи дека во јули биле увезени 2.600 половни автомобили, наспроти март кога сме имале увоз на 3.962 вакви возила, април со 3.234, мај со 3.341 и јуни со 3.974 користени патнички возила.

Додека, пак, јануари со само 1.660 и февруари со 2.825 увезени половни автомовбили, биле доста послаби од месеците кои следувале.

Ова говори дека јули е исклучително слаб од аспект на бизнисот за увозниците, а како што за Фактор велат дел од сопствениците на плацеви, исто така лоша е состојбата во август, односно едноставно многу малку се бараат и се продаваат половни автомобили.

За споредба, пак, кога станува збор за нови возила, нивниот увоз се зголемува во последниов период, но тоа не се само граѓани, туку главно државни и јавни институции кои ги обнновуваат своите возни паркови. Според статистиката на Царина, ако во јануари годинава во земјава влегле само 364 нови коли, нивниот увоз во февруари се зголемува на 453, во март се уште повеќе, 531, а во април и мај се 450 и 472 соодветно, за бројката пак да порасне во јуни, на 612 нови автомобили, и во јули да се увезат 628 нови коли.

Лани, пак, во периодот од јануари заклучно со јули, генерално имало многу послаб увоз и на половни и на нови автомобили.

Односно за сите седум месецио вкупно се увезени 10.397 половни автомобили, од што просек е 1.485 увезени употребувани коли месечно, или многу помалку од истиот период во оваа година.

Сопствениците на плацеви со кои разговараше Фактор велат дека има неколку причини поради кои во последниве два месеци опадна интересот за половни возила наспроти претходната прилично солидна побарувачка.

Првата е што во тој период додека беше голем интересот се регистрираа возилата со бугарски таблички, откако Владата во ноември лани ја даде таа можност. Според информациите, вкупно 3.265 возила со бугарски таблички биле оцаринети до сега од почетокот на примената на Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички.

Како што е познато, Владата на крајот на ноември лани го усвои предлог-законот со цел да се регистрираат возилата со странски таблички со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила, од страна на надлежните државни органи. Од ова Владата наплатила 6,5 милиони евра. Инаку, ваквата поволност важи за сите возила со еколошки стандард најмалку Еуро 4, кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври лани и трае една година, односно до ноември годинава.Сепак, како што велат сопствениците на плацеви, таа можност се искористи на почетокот на важењето на мерката, а сега тој интерес е завршен.

Друга работа, како што велат увозниците, е што многу од граѓаните стравуваа дека ќе се донесе мерка со која во земјава нема да смеат да се увезуваат возила со полош еколошки стандард од Еуро 5, па побрзаа да купат половни автомобили со Еуро 4 стандардот.

„Граѓаните се исплашија дека ќе се донесе таа мерка како што беше најавено, па дел побрзаа да купат возила со понизок еколошки стандард. Но, но со оглед што таа мерка уште не се носи и граѓаните гледаат дека тоа не се прави, спласна и стравот, а спласна и интересот за увоз на половните возила. Па така, покрај јули, многу слаб е и август“, велат сопствениците на плацеви.

И третата причина, според нив, но не и помалку важна, е што се многу пораснати давачките за издувните гасови ЦО 2 за автомобилите.

„Со новите критериуми, излегува дека давачките што се плаќаат за издувните гасови за поновите автомобили, се повисоки од оние за постарите. Тоа ги зголемува давачките за користените возила, и тие стануваат понеатрактивни за купувачите. Па така, ако едно возило на пример порано можело да се набави за 3.000 евра, сега цената е порасната на 4.000 евра“, објаснува еден од сопствениците на плацеви, кој смета дека новиот Ценовник по кој се пресметува оваа давачка, воопшто не е коректен.

Додека, пак, како што објаснуваат наши извори од Царина, овие пресметки се прават врз база на одреден конвертор, но сметаат дека тој не носи големи загуби за увозниците, а неговата цел е да се елиминираат еколошки лошите возила, пред се оние кои се застарени и ги имаат Еуро 3 еколошките стандарди.

Од јануари идната година, пак, овие давачки ќе се пресметуваат врз база на друг систем кој е веќе усвоен во Европа, а не само врз база на издувните гасови на возилата.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација