ВО МАГЛАТА: Скопје еден од најзагадените градови во светот
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2024 11:53
Платформата Ајкјуер IQAir покажа дека Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот на светскиот индекс за квалитет на воздухот.
Воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително здравје.
Ова е алармот според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време.
Најзагадени градови во светот утрово се Делхи, Лахоре, Калкута, Шангај, Катманду, Мумба, Карачи и Хангжу, кои се пред Скопје.
Мерките на Министерството за животна средина беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




