19 Декември, 2025
0.1305

Во мај ќе се одржи меѓународна научна конференција со наслов „75 години Институт за педагогија - Воспитно-образовни предизвици и перспективи“

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022 14:24

Добивај вести на Viber

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 75 години од неговото основање. 

Овој Институт е прва и најстара високообразовна институција за едукација на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава. Од него потекнале истакнати педагози, министри за образование, декани на факултети, директори на просветни институции, магистри и доктори на педагошки науки. 

За одбележување на овој значаен јубилеј, Институтот од 16 до 18 мај 2022 година во Охрид организира меѓународна научна конференција со наслов „75 години Институт за педагогија - Воспитно-образовни предизвици и перспективи“. 

Конференцијата e под покровителство на Претседателот на државата проф. д-р Стево Пендаровски. 

„Целта на конференцијата е афирмација и промоција на нашата дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји“, велат органиозаторите. 

По периодот на изолација поради пандемијата, очекуваат на конференцијата да се направи ретроспектива на последните случувања во воспитнообразовната политика, теорија и практика, да се дискутира за актуелните прашања од сите области на воспитанието и образованието, да се промовираат нови педагошки концепти и идеи и да се споделат резултати од најнови истражувања и иновации. 

„Имајќи ги предвид Вашиот професионален интерес и домен на работа, со задоволство Ве покануваме да земете учество и дадете свој придонес на оваа меѓународна научна конференција. Повеќе информации за конференцијата можете да најдете во приложениот документ, на веб страницата на конференцијата: pedagogy.fzf.ukim.edu.mk или да нѐ контактирате на електронската адреса: pedagogija75@fzf.ukim.edu.mk“, се вели во соопштението од Институтот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот