18 Декември, 2025
0.2122

ВО МАКЕДОНИЈА ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ ОКОЛУ 40.000 ГРАЃАНИ: Направени се нарачки за повеќе од 2 милиони вакцини, но ќе се набавува и од „Торлак“

Објавено во: Македонија 21 Април, 2021 17:07

Добивај вести на Viber

Во Македонија непречено тече процесот на имунизација на населението против корона вирусот. Од почетокот на вакцинацијата заклучно со 18.април се аплицирани околу 40.000 вакцини и тоа од производителите Фајзер/Бионтек, Спутник V, АстраЗенека, како и од кинеските „Синофарм“. Вакциналниот процес почна со здравствените работници од кои 7.020 се вакцинирани со прва и 6.750 со втора доза. Тие се вакцинирани со првите 8000 дози од Фајзер, кои Македонија ги доби како донација од соседна Србија, како и со првите дози од Спутник V.

Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица, Најголем дел од нив ја примија вакцината од АстраЗенека, особено и откако Македонија одлучи оваа вакцина да не се аплицира на помлади од 60 години, по случаите во Европа со згрутчување на крвта. Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ вратите за масовна вакцинација ги отвори на 5 април, каде досега се се вакцинирани вкупно 18.376 лица, пред се вработени во државната инфраструктура, МВР, АРМ, вработените во градинките и училиштата, медиумските работници, а веднаш по нив стартуваше вакцинацијата на грашаните од возрасната група 74 и 73 години.

Инаку, во понеделникот во Македонија пристигна првата пратка од 10.530 вакцини од Фајзер кои се добиени од директните договори со компанијата, а уште толку се очекува да пристигнат на 26. Април. Кон крајот на месецов, акко што најавија здравствените власти треба да стигнат сите 200.000 дози од Кина, од  компанијата „Синофарм“, како и поголема количина од Спутник V. И покрај тоа што министерот за здравство Венко Филипче истакна деказЗемјава има направено нарачки на повеќе од 2 милиони вакцини, по вчерашниот состанок во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар истакна дека Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ ќе биде стратешки партнер на Македонија во набавката на вакцини.

Се очекува до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина „Спутник V“ во овој институт, од кои, како што нагласија српските власти, еден дел од количнините би можел да биде издвоен и за земјава.

Инаку, во Србија, според податоците на српското министерство за здравство, досега се вакцинирани околу 15.000 граѓани и според српските власти, за нив е загарантирана и втората доза од вакцината. 

-Тоа е најмалку што можеме да направиме за нив. Тие ќе бидат ревакцинирани на пунктовите каде што ја примиле првата доза од вакцината, истакна вчера министерот Лончар.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери