17 Декември, 2025
0.0502

Во Македонија има над 2 милиони активни мобилни телефони

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013 10:47

Добивај вести на Viber

Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за еден процент во однос на 2011 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25 проценти. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318. Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет,  бил 312.272, што е пораст од 10,59 отсто во споредба со 2011 година. Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН мрежи. Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26 проценти од претходната година. Во сегменетот на фиксните телефонија најголем удел има Македонски телеком со 65,34 проценти, ОНЕ со 15,44, Близу со 8,97, Аикол 4,88 и Неотел 3,95. Во мобилната телефонија Т-Мобиле има пазарен удел од 47,95 проценти, ВИП 28,24 и ОНЕ 23,81 процент. Повеќе од половина, односно 61,27 проценти се припејд корисници, додека постпејд се 38,73 отсто. Бројот на корисници на интернет преку 2Г и 3Г мрежи е зголемен за 35,44 проценти и изнесува 505.596. Бројот на корисници на ТВ услуги изнесува 278.140 и е за 10,56 проценти повеќе од 2011 година. Најмногу користат кабелска телевизија 172.835, а ИПТВ 66.541, каде е забележан најголем раст од 65,82 проценти. И во овој сегмент лидер е Македонски телеком со 23,92 проценти, пред Роби со 22,10, Близу со 20,26 проценти и ОНЕ со 13,47 проценти  

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје