28 Март, 2025
0.0284

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Објавено во: Економија 29 Септември, 2023 12:58

Добивај вести на Viber

Денеска беше отворена фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, инаку најголема во Македонија и воопшто на Балканот. Моќноста изнесува 55 мегавати, а преку „Меј Енерџи“ краен сопственик е „АТС Гроуп“ една од најголемите компании отворени како нови инвестиции во последно време во земјата.

Сопственик на „АТС Гроуп“ е бизнисменот повратник Шефкет Демировски, чие семејство живее во Истанбул, а неговата фабрика во Македонија, инаку една од најголемите по приходи и извоз, произведува воена опрема по НАТО-стандарди, најмногу за потребите на Турција.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека оваа компанија е со површина од 57 хектари и во рок од една година ќе произведува енергија од 85 илјади мегавати на час.

„Не случајно не викаат земја на сонцето - затоа што сме земја на сонцето. Јас бев еден од првите што зборуваше за производство на електрична енергија и потрошив многу време во истражување и учење и она што можам да ви го кажам сега е ова – 85.000 мегавати на час енергија. Убеден сум дека оваа фотоволтаична централа ќе обезбеди 20-25% повеќе електрична енергија бидејќи соларната енергија кај нас е најдобра во светот“, рече Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека наскоро земјата ќе произведува енергија за потребите на регионот, а не само за нашата земја.

„Имаше многу скептици во тоа дека зелената агенда не може да се спроведе кај нас, некој дури се смееше кога се промовираше зелената агенда. Денес зборуваме за над 50 енергија од сонце до 2040 година. Ова се конкретни резултати и би сакал уште еднаш да им честитам на инвеститорите“, нагласи Бектеши.



Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација