Во Македонија речиси 90 отсто од возилата се постари од 10 години

Објавено во: Економија 23 Септември, 2023 09:21
Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили, што е раст од 80 проценти за десет години, но огромен дел од нив се постари од 10 години, објави МИА повикувајќи се на податоци од МВР.
Просечната старост на возилата е во постојан раст и сега изнесува 19,5 години. Над 88 проценти биле постари од десет години. За десет години просечната старост се зголемила за околу 2,5 години, од 16,8 во 2012 година, на 19,5 во 2022 година.
Бројот на дизел возила на патиштата е зголемен за 200 проценти за десет години. Од над 115 илјади увезени возила во последните три години, две третини се половни дизел автомобили.
Бројот на увезени хибридни и електрични возила во структурата е речиси незначителен. Минатата година биле регистрирани 190 електрични возила.
Според Пописот од 2021 година вкупното резидентно население во земјава е 1 836 713 луѓе, додека бројот на регистрирани патнички возила е 477 820 или 260 на илјада жители.
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
