18 Декември, 2025
0.0449

Во Македонија се одржа петтиот по ред Институтот за подготовка на глобални лидери

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2016 12:12

Добивај вести на Viber

Делегати од 27 различни земји земаа учество на Институт за подготовка на глобални лидери во Македонија.

На единаесетдневната школа учесниците имаа можност да проследат програма со предавање од врвни предавачи вклучувајќи ги Сиесте Бакер, поранешен директор на Евросонг, познатиот Доналд Стил, поранешен шеф за комуникации на BBC, како и домашни предавачи меѓу кои, Коста Петров, сопственик на Пи Ворлд.

PGLI_Dodeluvanje sertifikati

На доделувањето на дипломите на финалната церемонија, се обрати Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија и извршниот директор на Здружението Трет Милениум, Ангела Велкова, кои им посакаа успешно завршена школа во Македонија.

Amerikanski ambasador

„Среќни сме што оваа година одбележавме петта година по ред од Институтот за подготовка на глобални лидери. Во време на се почести проблеми во светот, конкретно со сиромаштија, немири, војни и раздор помеѓу граѓаните, имаме млади лидери кои треба да поттикнат на сплотеност во нивното општество да научат како да се биде лидер на глобалната сцена, да ги решат проблемите, да превенираат. Дефинитивно нашите предавачи, како амбасадори и значајни фигури од бизнис секторот, им дадоа една поинаква перспектива на делегатите за тоа како треба да се функционира во секојдневието и да се соочува со проблемите. Моќта на сите е во говорот, во јасната порака која треба да се испрати до младите, идните двигатели во светот“ – изјави Ивана Стојаноска, директор за прием и стратешки иницијативи на Институтот за подготовка на глобални лидери.

PGLI_Ivana Stojanoska-Angela Velkova

Учесниците кои беа дел од традиционалната програма се со различна образовна и кариерна позадина, со една мисија а тоа да ги променат светските рамки на делување. Настанот е организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”.

PGLI_ucesnik_govor

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка