18 Декември, 2025
0.1051

Во Македонија започна со работа “SIA” – Првата агенција за Social Media Intelligence

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2014 19:10

Добивај вести на Viber

Social Media Intelligence е нова алатка во интернет работењето која зема сериозен замав во светот. Оваа истражувачка алатка ја користат влади, организации, компании и индивидуи кои сакаат да приберат информации клучни за нивното функционирање и развој. Во моментов, SIA (Social Intelligence Agency) е првата и единствена агенција во Македонија која ја нуди оваа услуга. Social Media Intelligence е нова сфера во интернет работењето и претставува корисна алатка за многу субјекти како резултат на растот на користењето на интернетот во секојдневниот живот на луѓето. Преку Social Media Intelligence, компаниите можат да дознаат колку брендот, производот, услугата или самата компанија се споменувани на социјалните мрежи, форумите и web порталите, но и во каков контекст. Ова прибирање на податоци овозможува мултидимензионален поглед на брендот, неговите особини, промоции, купувачи, корисници, како и конкуренцијата и влијателните личности. Social Media Intelligence како алатка, всушност допринесува за креирање длабоки анализи на трендовите и мониторирање на однесувањето на пазарот. Преку Social Media Intelligence, компаниите можат да добијат информација за тоа како нивните производи или услуги се прифатени кај потрошувачите, како потрошувачите реагираат на промените, колку маркетингот влијаел на нивните одлуки, како и да се измери задоволството од користењето. За да се дојде до овие податоци потребно е филтрирање и класификација на огромен број податоци во текот на денот кои се наоѓаат на социјалните медиуми, чие пространство опфаќа многу повеќе од Facebook и Twitter. Напредните решенија опфаќаат комплексно моделирање на клучните зборови, со цел да се идентификуваат разговорите на социјалните мрежи кои се во интерес на клиентот. Social Media Intelligence е идеален за брендови кои бараат длабоко разбирање на пазарот, купувачите, корисниците и конкуренцијата. Исто така, идеално е и за организации/компании кои имаат потреба да детектираат и следат социјални закани како бојкоти, протести, тужби, изнудувања итн. Во Македонија, SIA е првата и единствена агенција специјализирана за Social Media Intelligence. SIA e составена од тим од професионалци од областа на информатичките технологии, односи со јавноста, новинарство, маркетинг и анализа. Целосната понуда на SIA, можете да ја погледнете во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=rgp6RDIFmUo

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?