ВО МОМЕНТОВ ИМАМЕ САМО 5.000 ВАКЦИНИ ЗА ПРВА ДОЗА: Деновиве ќе стигнат 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2021 15:51
Во текот на
неделава во македонија ќе пристигнат 70.000 дози вакцини од Грција и од
Бугарија, најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска е на Криволак.
-Оваа недела треба да дојдат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно АстраЗенека, бидејќи се уште немаме потврда за типот на вакцините. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од Фајзер и секако големата количина од Кина, од каде се уште немаме потврда кога ќе стигнат, но најавата беше на почетокот на јуни, изјави министерот Венко Филипче.
Филипче вели дека во земјава се останати помалку од 5. 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




