Во Неретва уловена паклара-една од најретките риби во светот
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2013
Во реката Неретва рибарот Томислав Лимов од чапљинската населба Габела ја фатил една од најретките риби „пакларa“.
Рибата е долга 55 центиметри. Се работи за риба која нема вилица туку устата постојано и е отворена и е опкружена со пипалки. Таа се наоѓа на „црвената листа“ на најретки светски риби.
Големо изненадување е тоа што никогаш претходно не била уловена или пак видена ваква риба во Неретва и во тој регион.
Овие риби се наоѓаат на „црвената листа“ на загрозени животни бидејќи сите видови на паклари се сè поретки. Тие имаат една ноздра, две очи и седум жабрени отвори. Таквата уста им овозможува да се прикачуваат за подлогата, но и за нивниот плен.Тие на своите жртви им ја цицаат крвта и ткивата.
Речните паклари обично напаѓаат риби, а се хранат и од умрени животни.