Во Новосибирск презентирани инвестициските потенцијали на Македонија
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2013 14:59
Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на бизнис форум во рускиот град Новосибирск ги презентиранше инвестициските потенцијали на Македонија.
На бизнис форумот локалните компании беа запознаени со бизнис климата за водење бизнис, поткрепена со најниски даночни стапки во Европа, како и условите кои за инвеститорите ги нудат технолошко-индустриските зони.
Компаниите пројавиле интерес за земјоделството, производството на машини и туризмот.
Новосибирск е третата дестинација на македонската делегација која учестсвуваше на бизнис форумот и во Татарстан и Екатеринбург.
Сите области се карактеризираат како високо индустријализирани, динамични економии, кои даваат значаен придонес во вкупниот економски резултат на Руската Федерација.
Во владината делегација која ја предводи вицепремиерот Ставрески се министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, како и директорот на Дирекцијата за слободни технолошки зони Виктор Мизо.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




