28 Април, 2024
0.0293

ВО ОСМО И ДЕВЕТТО ПРИРОДНИТЕ НАУКИ ПО КЕМБРИЏ, ВО СРЕДНО ПО СТАРО: И најодличните мака мачат по хемија и физика во прва година

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Исклучително слаби резултати покажуваат основците по предметите хемија и физика веднаш откако ќе почнат прва година во средните училишта. Дури и оние, најодличните се соочуваат со сериозни проблеми и огромни „дупки“, односно пропусти и им треба многу повеќе време да ја совладаат наставната содржина. Ова трае со години, велат и наставниците и родителите, а дел од нив револтот го не го кријат и за Фактор откриваат што се советувани на првите родителски средби одржани веднаш по стартот на новата учебна година.

-Имавме родителска средба, а меѓу другото, класната раководителка посебно внимание ни обрати на новите предмети со кои прв пат учениците се среќаваат во осмо одделение. Тоа се хемија и физика, кои во рамки на предметот природни науки во понижите одделенија се сретнаа со основните поими. Сега содржините се целосно издиференцирани во посбни учебници и се очекува учениците многу повеќе да осознаат, односно да научат по овие предмети. Но, за жал, тоа што ни беше кажано е дека ние родителите треба да ангажираме приватни часови за нашите деца или пак да се обидеме да најдеме стари учебници, бидејќи тоа што се учи по овие предмети, а е по Кембриџ програмата е недоволно за да се надоврзат на содржините во средно училиште и учениците наидуваат на огромни проблеми. Ова се клучни предмети за понатамошното образование на учениците, особено ако некој од нив сака медицина, инеџенерство и низа други области без кои е невозможно студирањето и високата наобразба. Навистина не ми е јасно уште колку генерации ќе бидат осакатувани, каде сега да се најдат оние стари учебници од последните генерации кои беа осмолетка. Како може да не постои искоординираност во наставните содржини, наместо процесот да тече непречено, ние самите поставуваме бариери и се нешто се експериментира. Ова не се ни најниски гранки на образованието во Македонија, „гранките“ едноставно ги нема, само голо стебло, кое не влече постојано надолу, вели револтирано П.С. мајка на ученичка во осмо одделение.

Искуство сподели и наставничка која предава физика во едно од скопските основни училишта, а која догодина практично ќе оди во пензија. Вели дека жали за оние програми кои носеа вистински успех кај учениците и дека поради желбата да научат и сериозно да сфатат за каква наука станува збор обично 15 минути пред крајот на часот им предава по старата програма.

-Содржините во овие учебници по физика кои се по Кембриџ програмата се премногу куси, а задачи речиси и да нема. Да не зборувам за преводот, како да е ставено во google translate и само така испечатено. Има кардинални грешки. Не е работата само некој да знае англиски, треба некој што знае и англиски, но и физика, или хемија, сеедно. Од причина што не можам да гледам и да се соочам со фактот дека генерациите пропаѓаат, јас откако ќе ја предадам содржината предвдена според наставната програма, последните 15-тина минути предавам од стариот учебник, последниот кој беше за осмолетка. Многу е поопширно, има многу повеќе задачи и досега мојава пракса се покажа навистина успешна. На оние генерации кои јас од основно ги испратив во средно училиште им е далеку, далеку полесно. Свесна дека можам да бидам казнета заради тоа што предавам по стара програма, ги советувам учениците да имаат посебни тетратки. Во едната запишуваат тоа што го предавам по Кембриџ, а во другата тоа што го предавам по стара програма. Посебно внимание посветувам и на оние кои се поталентирани, оние кои ги праќам на натпревари и речиси целосно работиме по учебници и збирки задачи од пред 10-15 години. И да ме казнат, воопшто не ми е грижа, моите ученици едноставно ја сакаат физиката и покажуваат одлични резултати кога ќе се запишат во средно, вели наставничката која секако сакаше да остане анонимна.

За овој повеќегодишен проблем Фактор побара одговори од Бирото за развој на наставата при МОН, и директорот Зекирија Хасипи потврди дека наставата по предметите хемија и физика во осмо и деветто одделение на основното образование се планира и реализира согласно наставните програми по хемија, односно физика за осмо и деветто одделение кои во 2016-тата година беа изработени од страна на Cambridge International Examinations и утврдени од тогашниот Министер за образование и наука. Тој посебно нагласива дека не е допуштено повикување на стари наставни програми или стари учебници кои се вон употреба и кои не се согласно новите наставни програми по хемија и физика за основното образование.

-Бирото за развој на образованието беше активно вклучено во процесот на воведувањето на наставните програми по предметите хемија и физика во основното образование и за таа цел спроведе обуки со наставниот кадар по хемија и физика од сите основни училишта во државата за планирање и реализација на наставата согласно новите наставни програми. Наставниците добија насоки како треба да ја планираат наставата, какви пристапи и методи на поучување и учење треба да практикуваат и како да ги следат, вреднуваат и оценуваат постигнувањата на учениците. Исто така, Бирото за развој на образованието во следниот период беше активно вклучено и во процесот на следење на имплементацијата на новите наставни програми преку посети на часови и стручна советодавна работа со наставниот кадар. За потребите на учениците, од Министерството за образование и наука одобрени се учебници по хемија за осмо и деветто одделение, како и учебници по физика за осмо и деветто одделение кои учениците ги користат во процесот на учење и усвојување знаења. Овие учебници се преземени од Cambridge International Examinations и се целосно усогласни со актуелните наставни програми по хемија, односно физика за осмо, односно деветто одделение. Наставниците имаат обврска наставата да ја планираат и реализираат согласно наставните програми кои се актуелни и согласно насоките дадени од страна на Бирото за развој на образованието. Притоа, учениците треба да користат учебници одобрени од Министерството за образование и наука. Не е допуштено повикување на стари наставни програми или стари учебници кои се вон употреба и кои не се согласно новите наставни програми по хемија и физика за основното образование, посочува Хасипи.

Истовремено тој вели дека содржните кои се изучуваат по предметите хемија и физика во основното образование, а согласно соодветните наставни програми, нудат можност за формирање на солидна база на знаења кај учениците од овие научни дисциплини кои понатаму се надоградуваат низ наставата во средното образование.

-Процесот на учење и усвојување на знаења и развивање вештини согласно наставните програми по хемија и физика во основното образование е преку истражувачки ученички активности и експериментирање, а кое има за цел развивање вештини кај уче­ни­ците за истражување, доаѓање до нови сознанија, како и развивање научен пог­лед на светот. Важ­но е да се напомене и тоа дека пристапот, содржините, когнитивниот аспект и истра­жу­вач­ките активности во овие наставни програми се споредливи со меѓународните стан­дар­ди на учење, како на пример оние од ТИМСС. Низ наставниот процес по хемија и физика во основното образование учениците стекнуваат доволен квантум на знаења кој претставува солиден фундамент за надоградување низ наставата по овие предмети во средното образование. Наставните програми по хемија и физика за основното образование нудат постепеност во формирањето на знаењата кои понатаму се продлабочуваат и прошируваат низ наставата по овие предмети во средното образование. Наставните програми по хемија и фиизка во средното образование, всушност, претставуваат континуитет на оние од основното образование притоа овозможувајќи им на учениците многу поширок дијапазон на содржини од овие науки согласно возраста на учениците, нагласува Хасипи.

Вели и дека со тековните реформи во основното образование согласно новата Концепција за основно образование од 2021 година, Бирото за развој на образованието во иднина ќе изработи нови наставни програми од областа на природните науки и за третиот развоен период од основното образование, освен веќе изготвените нови наставни програми по природни науки од прво до петто одделение, а согласно Националните стандарди за постигањата на учениците на крајот од основното образование од 2021 година.

-И во иднина ќе се продолжи уште повеќе да се зајакнува учењето преку истражување, решавање проблемски задачи, применливост на знаењата и нивно поврзување со секојдневен контекст, како и развивање на креативното и критичкото размислување кај учениците кое ќе води кон сè поуспешно усвојување на знаења во средното образование, потенцира Хасипи за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце