„Во ова време е полесно да продадеш бубрег отколку стан, се надевам дека ќе најдам купец!“
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2013
Светлана Јелиќ од Подгорица, самохрана мајка на две деца, го продава бубрегот за да врати кредит од 40 илјади евра. Станува збор за кредит кој го подигнал нејзиниот сопруг.
Јелиќ се одлучила на овој очајнички потег, бидејќи од агенцијата која наплатува долгови на банката, добила известување дека мора да се иссели од станот во подгоричката населба Забјело.
„Се надевам дека ќе најдам купец, бидејќи во ова време на криза полесно е да се продаде парче од телото одошто стан“ изјавила Јелиќ.
Таа побарала од банката да се продолжи рокот во кој треба да го отплати кредитот, но не добила одобрение за тоа.
Станот во кој живее со децата е се уште на име на сопругот, затоа што откако се развела од него , станот не го префрлила на нејзино име.