Во оваа држава се потврдени првите случаи на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Октомври, 2020
Долго време беа без коронавирусот, но сега Маршалови Острови ги потврди првите случаи.
Владата на оваа пацифичка држава објави дека двајца вработени во тамошната американска база имале позитивен тест по враќањето од Хаваи.
Тие пристигнале со воен лет и веднаш се изолирани од остатокот на заедницата, па властите уверуваат дека нема опасност од ширење на вирусот.
Маршалови Острови ги затвори своите граници уште во март со цел да се спречи внесувањето на вирусот. Повеќето пацифички држави го направија истотот, загрижени дека поради слабиот здравствен систем нема да бидат способни да се носат со заразата.
Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Вануату се последните држави на светот во кои што досега не е регистриран случај на коронавирус.
САД, Индија, Бразил се на врвот на листата го голем број заразени и починати.Во светот има 44.9 милиони заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.