ВО ПЕТОК LATE NIGHT SHOPPING ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2025 13:38
Традиционално, блескав почеток на летото со еден од највозбудливите шопинг-
настани во годината ‒ Late Night Shopping неонска едиција, со одлични попусти, многу подароци, а на главната сцена спектакуларна 3Д-проекција со балетски перформанс и концерт на Тамара Тодевска!
Скопје Сити Мол повторно подготви целосен спектакл за ова уникатно шопинг-
искуство со попусти, музика, перформанси, многу подароци! До полноќ, сите посетители ќе имаат можност да ги искористат одличните попусти за сите омилени светски брендови, кои ќе продолжат и во следните 2 дена, односно ќе важат на 28 и на 29 јуни.
Покрај попустите,ова е одлична можност за посетителите да учествуваат во квизот на знаење за освојување на најатрактивни подароци на Late Night Shopping НЕОН, за навистина незаборавно лето :
2 х 7-дневни ол инклузив патувања за двајца во Турција, во ресорти со 4 и 5 ѕвездички.
На главната сцена на покривот на Скопје Сити Мол ќе уживаме во комплетен музички, балетски и аудиовизуелен спектакл. Оваа година посетителите ќе имаат можност да сведочат за вистинско визуелно доживување ‒ 3Д мапинг-проекција заедно со балетски перформанс. По перформансот, следува и концертот на Тамара Тодевска.
Секако, Скопје Сити Мол има подготвено многубројни изненадувања, активации, игри и, се разбира, подароци за посетителите со секоја приложена фискална сметка.
Еве што ве очекува на Late Night Shopping Neon 2025:
• Неонски бар со овошни коктели во неверојатни бои!
• Time to Glow ‒ играј и освој неонски подароци!
• My Passport ‒ персонализирани футроли за вашите пасоши!
• Неонски X-0 - неонски предизвик со слатки изненадувања!
На 27 јуни се гледаме во Скопје Сити Мол, за уште еден неонски блескав Late Night Shopping!
Скопје Сити Мол, сѐ што сакам!
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




