Во Португалија и на целосно вакцинираните граѓани ќе им бараат негативен тест
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Ноември, 2021 20:43
Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните граѓани.
Властите наведоа дека сите патници кои доаѓаат во земјата, дури и оние кои се целосно вакцинирани, мора да приложат негативен тест при пристигнувањето, пишува „Ројтерс“.
„Не е важно колку е успешна програмата за вакцинација. Треба да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик. Гледаме значително зголемување на бројот на нови случаи во ЕУ, а Португалија не е остров“, изјави премиерот Антонио Коста.
Тој најави дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за коронавирус кога влегуваат во ноќни клубови, барови, настани и домови за стари лица, а носењето маски во затворен простор повторно е задолжително. Португалија е една од државите со највисок процент на вакцинирани жители, и повторно воведува некои ограничувања за да го спречи растот на инфекциите со коронавирусот.
Во Португалија над 18.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Во Европа досега повеќе од 1,5 милиони луѓе починале од коронавирусот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена





