„ВО ПРЕДМЕТОТ НЕМАШЕ ОШТЕТЕН, А АКО НЕМА ОШТЕТЕН, НЕМА ДЕЛО“: Јанкулоска за предметот „Тенк“
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 10:10
Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која издржуваше затворска казна за предметот „Тенк“ за набавката на мерцедесот „по желба“ на експремиерот Никола Груевски вели дека е задоволна што Европскиот суд за човекови права ќе го разгледа предметот за пресудата токму за „Тенк“.
„Ако речам дека од една страна овој исход на настаните ми беше очекуван, бидејќи години наназад, сите овие прашања кои се таму отворени ние јавно ги отваравме, но немавме соговорник. Почувствував лична сатисфакција која на никој начин не значи компензација на сето она што како штета и трауми ги преживеав изминативе десетина години. Почувствував и една правна сигурност, затоа што конечно, она што го повторувавме со години, имаше кој да го слушне и разгледа и утврди дека она што е отворено како прашања заслужува да биде разгледано. Самиот чекор на Европскиот суд за човекови права е порака до нашата држава, дека секогаш може да се направи проверка на она што тука е пресудено. Атмосферата кога се носеа пресудите, кога се водеа истрагите, едноставно, луѓето кои беа актери во целиот тој политички прогон беа недопирливи. Што сакаа можеа да направат, беа недопирливи“, рече Јанкулоска во интервју на ТВ Алфа.
Вели дека претставката до Европскиот суд за човекови права речиси по однос на се што било апострофирано како проблематично однесување на македонските судови, го препознал како квалитетен аргумент, за што се бара произнесување од страна на државата.
„Проблемите кои ги посочивме се толку длабоки, а нашите тврдења толку добро аргументирани, што навистина не гледам каде би се нашла аргументација против нашите тврдења“, додаде ексминистерката.
Таа посочува дека постапката за набавка на мерцедесот не била сложена и обемна, а и било нејасно што точно се бара во истрагата за „Тенк“.
„Јас никогаш и во ниедна тендерска постапка не сум учествувала, тоа овластување му го дадов на помошник-министерот. Никогаш не ми било во фокусот на интересот што и како се набавува бидејќи мојата работа е да менаџирам и да ги креирам политиките на Министерството, а не да се занимавам со техничка оперализација и набавки. Има луѓе што се многу поискусни и специфично стручни за набавката, затоа што посебно во МВР се набавува од хеликоптер до моркови. Јас ја одлежав казната, платив судски трошоци, паушали, меѓутоа оштетен немаше тука, а не може да има кривично дело ако нема оштетен“, вели Јанкулоска.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





