19 Декември, 2025
0.0557

ОБЈАВЕНА ЗАЕДНИЧКАТА ПЛАТФОРМА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ

Во преговорите за Влада, албанските партии ќе бараат официјален албански јазик

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017 13:46

Добивај вести на Viber

Партиите на Албанците денеска ја објавија плтформата со која ќе настапат во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат.

ДУИ , БЕСА и Алијансата за Албанците ја усвоија платформата која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада.

Во прилог ви го пренесуваме целосно нивниот став и изјава:

1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот * Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде албанците се сметаат како државотворна нација, Поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. * Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”. * Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. * Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој * Создавање на нов механизам, во форма на една Државна Комисија за Финансирање на Општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. * Создавање на едно Министерство за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. * Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. * Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес * Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. * Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди. * Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата * Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво. * Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право * Усвојување Заедничка и Обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. * Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите * Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Бугарија. * Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување. * Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија * Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции. Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината