17 Декември, 2025
0.0462

Во Прешево подготвуваат пречек за Еди Рама

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2014 20:32

Добивај вести на Viber

Иако најголемиот дел од агендата на посетата на албанскиот премиер Еди Рама утре во Белград се држи во тајност, делумно и заради безбедносни причини, албанските медиуми денеска објавуваат дека Рама сепак во рамките на посетата ќе отпатува и во Прешево, регион населен претежно со Албанци, во близина на границата со Македонија. Според изјавите на локалните претставници во Прешево, тие веќе подготвуваат пречек за Рама кого ќе го пречекаат како „свој втор премиер“. Официјален Белград со негодување гледа на овој „недипломатски чекор“ на гостинот, кој покрај средбите на државно ниво, посакал да се појави на митинг пред албанското население во Прешево. Посетата на Рама во Белград доаѓа во исклучително чувствителен период за односите меѓу двете земји, кои се искомплицираа по инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, за кои српските власти го обвинуваат токму братот на албанскиот премиер. Албанскиот премиер требаше да го посети Белград кон крајот на ноември, но посетата беше одложена токму по тензиите заради прекинатиот фудбалски натпревар. Според агендата што ја објавија српските власти, Рама во Белград ќе се сретне со неговиот домаќин, премиерот Александар Вучиќ, со кого ќе потпишат неколку договори и ќе одржат заедничка пресконференција. Не е предвидена средба со српскиот претседател Томислав Николиќ.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата