27 Април, 2024
0.0302

Во пресрет на големото отворање на Ист Гејт Мол - пополнети 57 000м2 со 250 брендови: Интервју со тимот на Cushman&Wakefield|FORTONMKA, клучен за издавањето на деловните простории

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Тим од три успешни професионалци, дел од Cushman&Wakefield|FORTONMKA, премиум компанија за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијални недвижности. Компанијата е ексклузивен агент за изнајмување на трговскиот центар East Gate Mall кој официјално се отвора во петок, на 29 октомври.

Една од нив со кои разговараме во ова ексклузивно интервју е Симона Парванова. Таа доаѓа од Бугарија, а се вклучи како дел од  тимот на  Cushman&Wakefield|FORTONMKAтокму за овој проект. Парванова во индустријата за комерцијални недвижности работи од 2000 година, а од 2006 година е насочена кон менаџирање и издавање трговски центри.

Маја Зивчевиќ пак,три и пол години е дел од Cushman&Wakefield|FORTONMKA, а беше регрутирана во првата селекција за проектот East Gate Mall во 2018 година, како и Борјана Атанасовска која во компанијата е ангажирана веќе година и половина. Откриваат сè за проектот, единствениот трговски центар од ваков вид во земјава, кој е многу повеќе од само трговски центар имајќи предвид дека целиот проект “East Gate“ предвидува станбени објекти и бизнис парк.

Парванова зошто одлучивте да се приклучите на овој проект?

Парванова: Многу ја ценам поканата од Cushman&Wakefield|FORTONMKA, премиум компанија за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијални недвижности и водечка компанија во оваа област на пазарот во Македонија, со цел да го пренесам моето знаење на проект со голема важност во Скопје.  Возбудата беше нагласена со можноста да започнам да работам на East Gate Mall уште од самиот почеток во 2018-та година, кога заедно со инвеститорот ја развивме комерцијалната стратегија. Тоа подразбираше и  развивање на миксот на брендови односно трговски марки на најделотворен и исплатлив начин. Имав можност да ги применам најдобрите практики, односно да ги избегнеме неделотворните решенија кои ги имам видено во други проекти. Уште повеќе што трговските центри се живи организми и на нив влијаат во голем степен модните трендови  и социјалните интеракции. За мене беше навистина предизвикувачки да видам како впечатоците и искуствата се раликуваат преку границите и како овие сознанија можат да бидат успешно применети во миксот на закупци.

Бевте именувани за раководител на тимот за изнајмување на   Cushman&Wakefield|FORTONMKA одговорен за активностите на издавање на еден од најголемите малопродажни проекти во рамките на државата ако не и во регионален опфат, East Gate Mall.  Каков беше всушност предизвикот?

Парванова: Секој нов проект е возбудлив предизвик како во однос на неговите специфики, така и во однос на тимот со кој се соработува. Имав навистина среќа да работам на трговски центар што е предодреден да биде успешен како во однос на локацијата така и во однос на инвеститорот кој има богато искуство во градењето на вакви проекти и во малопродажниот сегмент воопшто. Исто така, го имав и најпрекрасниот тим што со задоволство вложи огромно време и напор да ја покрие малопродажната индустрија на целиот балкански регион. Нашиот тим успеа да привлече интернационални трговски марки од цела Европа, при што некои од нив што сè уште не се застапени во Македонија, успевајќи преку продлабочено истражување и цврсти аргументи да ги убеди во профитабилноста и перспективата. Дополнително, моите колеги од Cushman&Wakefield|FORTONMKAме подржуваа во голем степен во разбирањето на локалните преференции што секогаш треба да бидат усогласени со комерцијалните стратегии и стратегиите за изнајмување на еден трговски центар. Создадовме микс на закупци од светска класа што ги рефлектира сите нови трендови во индустријата на трговските центри по пат на собирање на висококвалитетни брендови во секоја малопродажна подгрупа на трговски центри (мода, спортска опрема, детска облека, обувки итн). Ги следевме и тенденциите во областа на забавата и слободното време како „јадењето е нов шопинг“ и формиравме единствена авенија со ресторани и кафетерии што е особено импресивно ако се земат предвид сличните концепти во Белград, Софија, Солун и Лондон.

Како голем предизвик го коментира работењето на проектот на Ист Гејт Мол и Маја Зивчевиќ која вели дека неколку години е дел од Cushman&Wakefield|FORTONMKA, премиум компанија за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијални недвижности. Била регрутирана во првата селекција за проектот East Gate Mallво 2018 година, откако Cushman&Wakefield|FORTONMKAбеше назначен за Ексклузивен агент за изнајмување на трговскиот центар.

Зивчевиќ: Работата на овој проект за мене претставуваше голем предизвик, затоа што се работи за најголемиот трговски центар во регионот и сосема ново искуство во мојот живот. Вложив голем напор, време и енергија за да стигнам онаму каде што сум дене сениор консултант за изнајмување за големи интернационални и регионални малопродажни компании. Благодарна сум на менаџментот на Cushman&Wakefield|FORTONMKAза довербата и поддршката, како и вештините и страста за работата во дејноста изнајмување, кои континуирано ми ги пренесуваат. Партнерската соработка на Cushman&Wakefield|FORTONMKAи East Gate Mallзначеше да се направи синергија на две компании со голем талент, експертиза и ентузијазам за да се постигнат трите најважни параметри за регионален трговски центар, со цел тој да биде не само мол туку дестинација: нови брендови, атрактивни содржини, уникатен микс.  Проектот East Gate Mallза мене претставува врвно кариерно искуство, а и доволно добар мотив постојано да се стремам да бидам најдобра во својата работа.

Атанасовска, а каква е за вас сатисфакцијата да се работи во оваа специјализирна професија?

Атанасовска: Во Cushman&Wakefield|FORTONMKA, премиум компанија за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијалните недвижности работам година и половина и морам да признаам дека, да се биде дел од еден таков колектив со исклучителна експертиза и професионалност, за мене претставува навистина голема сатисфакција.

Имајќи предвид дека Cushman&Wakefield|FORTONMKA се позиционира како успешна компанија која следи интернационални стандарди и како компанија со врвна експертиза во областа на комерцијалниот недвижен имот, секој работен ден за мене претставува надградување и внимателно профилирање на она што сум го одбрала како професија. Работниот ден во оваа средина е пред сè динамичен, а тоа подразбира анализи, состаноци, поставување стратегии, евалуации, поточно реализација – од идеја до имплементација.

Зивчевиќ вие работите во лизинг тимот што беше одговорен да создаде единствен микс на брендови во новиот East Gate Mall. Што сè е потребно за да се креира и одржи еден микс на закупци во проект од ваква големина?

Зивчевиќ: Работењето на ваков проект е пред сè многу креативно, но и многу одговорно, а подразбира динамично секојдневие исполнето со истражувања, анализи, патувања, споредби, евалуации - сè со цел да се креира совршен микс кој ќе остане одржлив на долг рок следејќи ги глобалните стандарди  во малопродажниот сектор претставени во мултифункционалниот и модерен  East Gate Mall. Миксот на брендови кој долго и трпеливо се создаваше заедно со тимот на East Gate Mallсе издвојува како уникатен микс во регионот којшто вклучува 40 проценти на нови брендови, а над 50 отсто од вкупната површина за изнајмување се од сегментот на модата.

Нашата работа покрај преговарање на комерцијални услови подразбира и успешно презентирање на концептот на трговскиот центар и позиционирање на секој закупец соодветно, за да се постигне атрактивен микс на брендови.

На микро план – улогата на еден консултант е да биде централна точка на А-Z процесот (при скаутинг, привлекување, аквизирање, преговарање и договарање) на идните закупци на центарот од една страна, а од друга страна сето ова треба да се спроведе согласно критериумите кои ги поставил East Gate Mall. Како консултант треба да знаете да ги решите сите барања кои ги имаат закупците, како на пример од одредување на големина на локал, па сè до негово лоцирање и правилно позиционирање. Како интересен пример често го споменувам тоа дека сите закупци сакаат да се на локација веднаш до влезот, или на главен булевар или само на приземје, а мојата улога е да ги распоредам според сегментот во кој припаѓаат, да им обезбедам максимална видливост што ќе им донесе успех во продажбата подоцна, а од друга страна соодветно да се пополнат и другите спратови.

Атанасовска и вие сте дел од тимот што беше посветен на изнајмување на комерцијалниот простор во еден од најголемите трговски центри што се отвора на 29 октомври 2021, East Gate Mall. Со какво сè искуство и предизвици се соочивте во професионалната работа на овој мега проект, имајќи ги предвид големите очекувања од отворањето и работата на овој најголем трговски центар во државата па и регионот?

Атанасовска: Како дел од професионален, интернационален тим кој ексклузивно работи на издавањето на East Gate Mall, најголемиот трговски центар во регионот, се здобив со искуство кое со сигурност ми помогна да искачам многу скалила нагоре во кариерата. Издавањето на простор е динамичен процес кој опфаќа повеќе аспекти, а почетна точка од која се поаѓа е креирањето на совршен микс од брендови и лоцирање на она што недостасува како понуда со цел да се привлечат посетителите, но и да се задржат оние купувачи кои заминуваат на пазарење во странство поради одредени брендови кои не биле присутни во нашата држава.

Како посредник помеѓу закупецот и закуподавачот потребно е исклучително внимание и посветеност за да се изгради конзистентна врска помеѓу двете страни, но и проактивност за да се одржи квалитетот на поставениот микс од брендови, а притоа да се следат параметри како буџет, правилна распределба на категориите мода, спорт, забава, храна и најважното - потрошувачките навики. Поставуваме индикатори кои ги следиме во текот на целиот работен процес за на крајот да дојдеме до финален производ кој со сигурност ќе ги помести границите на квалитетното пазарување.

Парванова што мислите, дали East Gate Mall ќе ги задоволи очекувањата на општата јавност со оглед на тоа дека беше најавен како еден од најголемите и најмодерни трговски  центри во Македонија и регионот?

Парванова: Апсолутно сум сигурна дека East Gate Mall ќе биде обележје на Скопје како и проект кој ќе ги постави стандардите во сегментот на трговски центри во Југоисточна Европа. Благодарение на локацијата и опсегот на целокупниот проект, тоа ќе биде дестинација за пазарење и уживање за целиот регион, привлекувајќи 12 милиони посетители годишно. Трговскиот центар со нето површина за изнајмување од 57,000 метри квадратни е дел од голем проект што е многу значаен за урбанизацијата на овој дел од градот. Целиот проект се состои од 1.600 станови и 60.000 метри квадратни А класа канцелариски простор во кој ќе бидат сместени интернационални компании, банки и локални бизниси. Сè на сè, овој комерцијален центар ќе биде многу атрактивен за граѓаните на Скопје и ќе понуди модерна средина со полн спектар на услуги и рекреација.

Вие имате големо искуство на вакви проекти во Бугарија. Кои се најголемите разлики доколку се споредат Македонија и Бугарија во смисла на малопродажната индустрија?

Парванова: Моето искуство се базира на вклученост во големи проекти во Софија како на пример издавањето на Парадајс Центарот и управувањето со Софија Ринг Мол, веднаш до Икеа. Бев и менаџер на трговски центри од помал обем како Галерија Бургас. Секој проект е различен и се карактериза со уникатен капацитет на продажба (Unique sales point, UPS), како и слабости - некои поделикатни одошто други. Морам да признаам дека во Бугарија индустријата на трговски центри е многу покомпетитивна имајќи предвид дека малопродажниот простор на 1.000 жители е 235 метри квадратни и само во Софија имаме 7 комплетни центри без да се набројат оние  во околината на главниот град.

За споредба, малопродажниот простор во Македонија е 198 метри квадратни на 1000 жители, додека просекот за Европа изнесува од 250 метри квадрати на 1.000 жители, што укажува на тоа дека има недостаток на високо квалитетни трговски центри. Исто така бев искрено изненадена дека и покрај фактот што државата не е членка на ЕУ, многу брендови на кои сме навикнати  да ги гледаме во Бугарија  и остатокот на Европа се застапени или директно или преку локални франшизери што се докажани како многу доверливи и лојални партнери. Дополнително, има трендови кои доаѓаат од Србија, Албанија и Косово што не ги гледаме во Бугарија како високо квалитетни ресторани. Постојат и многу сериозни локални модни брендови. Конечно, задоволна сум што преку East Gate Mall тимот на Cushman&Wakefield|FORTONMKA успеа да привлече многу нови трговски марки кои беа одамна очекувани, сериозно зајакнувајќи ја модната индустрија во државата.

Асполутно сум сигурна во успехот на  East GateMall и навистина сум среќна што имав можност да бидам дел од овој исклучителен проект.

Зивчевиќ,  со какви професионални предизвици се соочивте во текот на работата на ваков голем проект?

Зивчевиќ: На професионален план морам да признаам дека со поддршката и професионалноста од Cushman&Wakefield|FORTONMKA секојдневните обрски течеа навистина непречано. Многу е полесно кога работите три и пол години со еден тим. Всушност предизвиците се повеќе од позитивен аспект затоа што интересот за проектот беше и сè уште е голем но ние моравме да бираме кој ќе биде дел од истиоти да балансираме помеѓу очекувањата на инвеститорот и она што е потребно за еден ваков трговски центар и желбите на закупецот. Работата на еден агент за недвижнини е успешно да ги менаџира односите меѓу инвеститорот и закупецот кои на крај водат кон успешно финализирање на зделките. Имаше ситуации кога на наше големо задоволсотво бевме приморани да адаптираме дел од трговскиот центар за нови “анкор“ закупци, но сето тоа има позитивен придонес на крај. 

Во однос на предизвиците кои ги носи моменталната глобална ситуација, сметам дека сите инволвирани страни се носат одлично, а за тоа сведочи и речиси целосната издаденост на трговскиот центар како и сите нови имиња кои со полна пареа веќе ги опремуваат своите продавници. Предизвиците допрва доаѓаат. Најважно е сега сите закупци да бидат подготвени за 29 октомври успешно да ја менаџираат ситуацијата во пандемијата, додека трае.

Според вас што ќе значи отворањето на East Gate Mallза Скопје и за регионот, а што ќе значи за индивидуалното искуство на секој еден посетител на трговскиот?

Зивчевиќ:East Gate Mallќе биде вистинско освежување како за државата така и за регионот. Тоа е дел од навистина сериозен повеќенаменски проект, извонредно конципиран и создаден од голем тим на професионалци и архитекти, проект кој му недостасуваше на Скопје, на одлична локација и поврзаност. 

Проект кој не само што ќе влијае на развој на економијата на државата туку и на развојот на малопродажниот пазар кој што сè уште има голем потенцијал да се развива.

Секој посетител индивидуално ќе го искуси трговскиот центар, a тоа е и нашата цел.

А за таа цел  креиравме за секого по нешто, преку внимателно одбрани 220 трговски единици лоцирани на 5 спрата од кои дури 80 отсто  се наоѓаат на приземје и прв спрат. 

Двете подземни нивоа се резервирани за најразлични услуги, хипермаркет, продавници за електроника, за мебел и покуќнина за домот, како и салони за убавина и релаксација.

Приземјето е резервирано за најголемите групации од малопродажниот сектор  и “high-end” брендови, додека пак првиот спрат, каде што се наоѓа најголемиот спортски корнер ќе ги смести сите сателити на групациите, детските брендови, софистициран “food court” со голем број на уникатни концепти и дури 800 места за седење, продавници за чевли и модни додатоци, оптики, машки брендови и книжари.

Вториот спрат пак, е место за целото семејство каде што е позиционирано кино со најнова технологија во државата, игротека со нов концепт за повеќе возрасти и фитнес центар.

East Gate Mallќе понуди совршена рамнотежа помеѓу трговијата на мало и забавата, за сите возрасти и вкусови.

Атанасовска, со какво потрошувачко искуство ќе се сретнат идните посетители на East Gate Mall и што е она што според Вас ќе донесе разлика во понудите кон идните посетители, а што досега го немаат сретнато во постоечките трговски центри?

Атанасовска: East Gate Mall е маркантен проект чија примарна цел е задоволување на потрошувачките навики, но и позиционирање на трговскиот центар во регионот како примамлива дестинација за целодневно уживање. Преку постојана анализа на однесувањето на потрошувачите, на она што недостасува на градот, но и на државата, миксот од брендови го усовршивме до ниво да биде максимално функционален и во континуитет да ги опслужува посетителите, а од друга страна да биде уникатен и поразличен со самото тоа што 40 отсто се нови брендови кои за прв пат се дел од македонскиот пазар со нивната широка понуда за различни вкусови. Главен двигател при креирањето на различниот микс од брендови беше потребата да имаме сè на едно место.

Преку внимателно одбрани 250 брендови, лоцирани на 5 спратови создадовме прибежиште за квалитетно поминато време со пријателите, семејството, но и за секоја индивидуа која некогаш сака време само за себе. Гастрономското уживање е загарантирано со “Café Avenue“ и најголемиот простор за брза храна со 800 места за седење, а киното, фитнес центарот и игротеката со сосем нов концепт за деца но и тинејџери, ќе обезбедат максимално задоволство за сите. 

Сегментот мода ги следи најновите трендови и опфаќа повеќе од 50% од површината наменета за лизинг со што се создава исклучителна понуда од разни ценовни категории.


Како млад човек и професионалец, што би им препорачале на сите оние што во иднина на било кој начин би се нашле во професијата што ја работите?  

Атанасовска: Од моја гледна точка, оваа професија треба да се работи со пасија, бидејќи истата бара константно учење, надоградување, приспособување. Индустријата сама по себе постојано се развива долж годините и се разликува од останатите поради динамичноста, сериозноста, но и креативноста која ја бара во справувањето со секојдневните предизвици. Работењето на големи проекти носи своја тежина и бара максимална посветеност како фактор кој неминовно води до успех, а кога го имате вистинскиот тим, вештините и знаењето, сето тоа е загарантирано.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир