Во разорниот земјотрес во Драч синот на Еди Рама ја загуби свршеницата
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2019
Меѓу жртвите на разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија е и свршеницата на синот на премиерот на таа земја Еди Рама, пренесуваат локални албански медиуми.
Како што се наведува веста за смртта на вереницата ја потврдил и самиот Грегор Рама.
-Меѓу жртвите на таа природна катастрофа, под урнатините е најдена и мојата свршеница, заедно со нејзиниот брат, мајка и татко-напишал Грегор Рама на социјалните мрежи.
Кристи Реци (24) која загинала во земјотресот , дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана.
Дури ниту Еди Рама не можел да ги запре солзите кога е прашан за веста која му ја пренесол неговиот син. Премиерот на Албанија порачал дека не сака да зборува за работи кои се лични.
Имено, според последните податоци биланост на жртви кои настрадаа во земјотресот од вторникот утрото во Драч се движи над 40 лица.