17 Декември, 2025
0.0591

Во рестораните на „Мекдоналдс“ влегува нов светски познат бренд?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2013 09:35

Добивај вести на Viber

Деновиве ќе се знае дали „Мекдоналдс“ ќе остане во Македонија. Во последниот период течат интензивни преговори меѓу акционерите во домашната фирма „СЈ компани“, која до пред еден месец ја имаше франшизата на светскиот бренд, и „Мекдоналдс“. Од преговорите ќе зависи одлуката дали ќе има ресторани во Македонија кои понатаму ќе работат под името на овој бренд, јавува денешното издание на Утрински весник. Локалите на Мекдоналдс во Скопје, Тетово и Охрид беа неочекувано беа затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа. Иако повеќе од половина месец не работеа, тие зеле плата за минатиот месец. Им било ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа, пишува весникот. Додека нема официјална потврда каков е исходот од преговорите меѓу сопственикот на 51 отсто од акциите Светозар Јаневски од М6 и малцинскиот акционер Зоран Матлиевски, во јавноста се зборува и за втората опција. Доколку не дојде до договор и „Мекдоналдс“ се повлече од домашниот пазар, во тој случај рестораните наскоро би можеле да проработат и под друг бренд, за кој засега не се зборува. Последната варијанта, која е и најмалку веројатна, е дека тие ќе останат затворени, пишува Утрински. „Мекдоналдс“ минатиот месец ја повлече франшизата и рестораните престанаа да работат. Во македонската јавност се појавија многу дилеми околу причините за тоа. Неофицијално, дел од причините се лоцираат во нарушените релации меѓу некои регионални играчи на Мекдоналдс и акционерите во Скопје, поради што сега за судбината на рестораните ќе се решава директно во централата на компанијата.    

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје