05 Декември, 2025
0.0508

Во сабота Бел Марш: Претседателе дали ги гледаш лекарите?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 20:19

Добивај вести на Viber

Откако Министерот за здравство НиколаТодоров одби да ги прими лекарите кои веќе две недели  штрајкуваат со барање за корекција на платите и учинокот, тие тропнаа на вратите на претседателот Ѓорѓе Иванов и собранискиот спикер Трајко Вељановски, а планираат барање за прием да пратат и до Премиерот. „Не сме конфликтуозни, не сме штрајкувачи кои кршат, палат, враќаат пациенти. Нашите барања се легитимни, но третирани сме под нивото на државните службеници, а имаме еднаква и еквилвалентна положба и образование со нив“, истакна  д-р Никола Симоновски, претседател на Синдикатот на општата болница во Охрид, кога лекарската делeгација тропна во Собранието на Република Македонија, за да побара прием кај претседателот Вељаноски. Во меѓувреме се огласија и медицинските сестри кои денеска излегоа на протест бидејќи до нив стигнал допис од допис од гранковиот синдикат за здравство,  во кој како што велат се известуваат дека до Министерството за здравство е поднесене предлог за промена на колективниот договор со кој треба да се намалат бодовите за пресметка на платите на медицинските сестри, а да се зголемат на лекарите. Тие го обвинија претседателот на гранковиот синдикат Љубиша Каранфиловски  дека се обидува со колективниот договор кој го нуди во преговорите со министерот Тодоров  да го стопира штрајкот и да прикаже дека го решил проблемот. Порачаа дека таквото решение нема да го прифатат, бидејќи не членуваат во гранковиот, туку во синдикатот на Клинички. Каранфиловски демантираше и рече дека нивниот предлог е за да се разграничат коефицинетите за плата меѓу лекарите и сестрите за да се постигне соодносот еден спрема два. „ Не бараме намалување на платите на медицинските сестри, туку напротив бараме да се зголемат за 7 отсто, а за лекарите бараме да се зголемат за 25 отсто. Ова е колективен договор на ниво на гранка, а нивниот колективен договор на ниво на работодавач ќе важи и натаму. Нашиот предлог за зголемување на платите ќе биде минимумот под кој не може да се оди, а тие со колективен договор ќе може да бараат повисоки плати“, тврди Каранфиловски. По денашното поднесувње на барањата за прием кај Вељаноски и Иванов, одговор треба  стигне во законскиот рок од 15 до 30 дена.  За тоа време, од Клинички велат дека штрајкот ќе продолжи, а јавното здравство и понатаму ќе таложи последици од него. Во сабота e закажан најголемиот протест, кога лекари од цела Македонија ќе дојдат на скопските клиники и ќе одржат бел марш до министерството за здравство. Во пет минути до 12 часот ќе излезат на протестен собир во кругот на клиничкиот центар и од хелиодромот ќе маршираат до вратите на Министерството за здравство. Дипломатите го поддржаа штрајкот Самостојниот Синдикат на Клинички ја доби поддршката и од Извршниот одбор на Синдикатот на македонската дипломатска служба од каде што велат дека  штрајкот на лекарите е извонредно храбар, демократски и легитимен чин за зачувување на угледот, достоинството и професионалните стандарди не само на нивната, туку на секоја професија. „Секој обид за неосновано негирање или деградирање на синдикалното организирање во борбата за остварување на правата, е карактеристика на недемократски општества“, се вели во писменото соопштение на дипломатската служба од каде изразија надеж дека Синдикатот на клинички ќе опстои во својата борба, бидејќи резултатите треба да бидат квалитетни и применливи решенија за сите, за определена професија но и за државата и нејзините граѓани. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје