05 Декември, 2025
0.0403

Во Штип и Велес ќе се отворат центри за микропретпријатијата

Објавено во: Економија 04 Декември, 2012 10:32

Добивај вести на Viber

 Два регионални центра за поддршка на микропретпријатијата ќе се отворат со проектот на УСАИД за пристап до јавните набавки. Едниот во Штип за источниот регион и другиот во Велес за вардарскиот регион. Регионалниот центар во Штип ќе биде промовиран денеска, а на промоцијата ќе се обратат директорот на УСАИД, Роберт Вурц, штипскиот градоначалник Зоран Алексов, раководителот на Центарот за развој на источниот плански регион, Драгица Здравева, раководителот на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, Герман Филков и раководителот на регионалниот центар за микропретпријатија од Штип, Бети Пеева. Целта на проектот е да го олесни пристапот на малите и на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки, придонесувајќи за нивниот одржлив развој и подоброто искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет во јавните набавки. Станува збор за тригодишен проект поддржан и од Бирото за јавните набавки, кој се спроведува во 20 општини од источниот и од вардарскиот регион и во Струмица. Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со „ЕХО“ од Штип и со фондацијата „Фокус“ од Велес. Во рамки на проектот на 200 мали и микропретпријатија од опфатените региони ќе им се обезбедат бесплатни обуки, секојдневна асистенција и стручни консултации при изработка на тендерските документации и при пријавувањето на огласите за јавни набавки. Општите услови за учество на претпријатијата во проектот и за нивно квалификување за добивање помош се тоа да има производи и услуги кои се барани на огласите за јавни набавки и да има максимум до 10 вработени. Предност им се дава на оние претпријатија кои немаат никакво или имаат сосем мало искуство со јавните набавки, како и на оние кои имаат пристап до основна информатичка опрема.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје