Во Штип заболено од коронавирусот и двегодишно дете
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Јули, 2020
Дете на возраст од 2 години е најмладиот новозаразен со коронавирус во Штип.
Ова го покажаа денешните пристигнати резултати од брисевите што ги земале епидемиолозите, но и од приватните лабаратории.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега пристигнати се околу 33 позитивни резултати на жители на Штип.
Расте бројот и во соседниот град Свети Николе, каде заразата се прошири во конфекции.
Во Македонија за 24 часа нема ниту еден починат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.