28 Април, 2025
0.1084

Настава со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020 11:00

Добивај вести на Viber

Останува претходната одлука на Владата: Настава со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение во сите основни училишта

Владата го објави списокот на училишта каде што со согласност на Комисијата ќе може да се реализира настава со физичко присуство, но меѓу нив нема ниту едно основно училиште од скопските општини.

И претходно здравствените власти наведуваа дека најголемиот проблем ќе биде во главниот град каде што во основните училишта има преголем број деца. Пред комјутер ќе останат и средношколците во сите скопски гимназии. Во училиште ќе може да одат само учениците од неколку средни училишта каде што голем дел од предметите се стручни.

-Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба - Скопје, и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода - Скопје. Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“– Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје. На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење. На Спортска академија Центар и е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.

Во тек се обуките за наставниците кои треба да го совладаат начинот на предавање на Националната платформа за онлајн настава.

Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија осум години од упадот во Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија осум години од упадот во Собранието

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

СОБИР ВО МЕЛНИК: Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански

СОБИР ВО МЕЛНИК: Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански

ТАРАВАРИ БЕШЕ ВО ИСТАНБУЛ: Посети двајца повредени од пожарот во Кочани

ТАРАВАРИ БЕШЕ ВО ИСТАНБУЛ: Посети двајца повредени од пожарот во Кочани

ИВИЦА КОНЕВСКИ: Упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на црква во Аеродром

ИВИЦА КОНЕВСКИ: Упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на црква во Аеродром

УКРАЛЕ ВОЗИЛО ВО ВЕЛЕС И ОТИШЛЕ ДА КРАДАТ ВО СТРУМИЦА: Eдниот од крадците избегал од затвор

УКРАЛЕ ВОЗИЛО ВО ВЕЛЕС И ОТИШЛЕ ДА КРАДАТ ВО СТРУМИЦА: Eдниот од крадците избегал од затвор

ВОЗЕЛ БРЗО И НЕ НОСЕЛ КАЦИГА: Во Чаир загина 16-годишен возач на мотоцикл

ВОЗЕЛ БРЗО И НЕ НОСЕЛ КАЦИГА: Во Чаир загина 16-годишен возач на мотоцикл

АУКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Собрани се скоро 30.000 евра

АУКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Собрани се скоро 30.000 евра

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието