23 Јануари, 2025
0.0296

Пратеник тврди, во скопско кафуле бил нападнат од телохранителите на Мијалков, тој демантира!

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Доцна синоќа низ медиумите се појави информација дека е нападна пратеник на опозициската партија додека се наоѓал во скопското кафуле Дион.

Се работи за пратеникот Мухамед Зекири кој веднаш по инцидентот случајот го пријавил во полиција.

Зекири вака го опишува нападот:

„Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив. Додека седевме во Дион, дојде едно лице и ни рече да го напуштиме веднаш локалот затоа што имало приватна забава. Јас се потрудив да му објаснам дека имаме резервирано маса, но тој ја преврте. Се обидоа со туркање да ме извадат надвор. Во меѓувреме забележав дека во локалот е Јордан Мијалков. Еден од лицата извади полициска значка, а друг од позади ме удри“, тврди Зекири.

Од страна на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков пак стигнаа деманти.

Мијалков побара извинување од Зекири и најави тужба за изречена лага и клевета.

„Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, потенцира Мијалков во писмена изјава.

Зекири се огласи на Фејсбук.

Еве што напиша на социјалните мрежи:

Фала му на Господа јас сум жив и здрав, сега уште посилен и поодлучен од било кога да ја продолжам битката против злосторниците. Благодарам мој пријатели на сите вас за подршката!!!
Правдата несомнено ќе победи со или без мене!!! 
Знам дека во оваа битка не сум сам, не е само Мухамед, има многу Мухамеди кој се борат и ќе се борат против злосторниците и правдата несомнено ќе победи а криминалците ќе одговараат!!!
П.С Разочарувачки е што сеуште има полицајци кој место да бидат во служба на граѓаните продолжуваат да служат на криминалците како Мијалков и неговите банди. И по неколку часовен престој во полициската станица Беко не успеав да дадам изјав затоа што дежурниот полицаец се плашеше да ја напише мојата изјави затоа што го спомнав името на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Почитуван полицаецу слободата и за тебе многу бргу ќе стигне!!!“, пишува пратеникот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

БОНЕВА, СТВАРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТВАРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле