Во словенечки град и лекарите ќе носат панцири
Објавено во: Балкан 11 Април, 2016
Лекарите вработени во Брзата помош во Кочевје, Словенија ќе носат панцири заради криминалот и заканите кои демнат во градот.
Од Брзата помош објаснуваат дека лекарите и другиот медицински персонал во текот на работата се соочува со закани и друг вид на насилство. Веќе се нарачани 4 пара панцири кои чинат по 500 евра. Оваа опрема ќе ги штити лекарите и персоналот од ладно и огнено оружје додека одат на интервенции.
Од локалната полиција велат дека ситуацијата и не е толку драматична. Во овој дел на Словенија, има многу невработени, криминалци, корисници на дрога и алкохоличари. Годишно се случуваат 59 кривични дела на 10.000 жители. Голем е бројот на убиства, обиди за убиства, насилство врз деца, кражби и слично.