18 Декември, 2025
0.0671

Во собите и апартманите на Скопје Мериот

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2016 10:40

Добивај вести на Viber

Можноста да ги видиме одблиску сместувачките капацитети на Скопје Мериот Хотел ни отвори врата кон еден сосема нов свет, свет на минималистички луксуз и функционалност.

2

Со своите 164 соби и апартмани, кои се дел од сместувачкиот капацитет, Скопје Мериот Хотел се издвојува значително во секој аспект на хотелиерската индустрија и ви ја менува перцепцијата за стандардите.

3

Секоја од собите во Скопје Мериот претставува комбинација на традиционална архитектура и модерен дизајн на ентериерот, додека посебно внимание е посветено на функционалноста и леснотијата на движење во просторот. Додадени вредности има многу, но пред сè се издвојува кохерентноста на внатрешниот простор на самите соби со помошните простории како што се ходник, дневен простор и секако бањите.

4

Во Скопје Мериот секоја од гостинските соби и апартманите се направени согласно можностите на архитектонската поставеност и концепт, па затоа и се единствени. Дополнително на ова, Скопје Мериот располага со деловен дневен простор кој што нуди уникатен комфор, додека мобилните услуги за гостите успеваат на едноставен начин да ги спојат беспрекорната услуга со технологијата. Во собите на Скопје Мериот се имплементирани низа иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, со цел да го направат престојот на гостите едно навистина вредно искуство, дотаму што Мериот хотелите се први кои развиваат систем за отклучување на собите преку мобилен уред.

5

Комоцијата и екстравагантноста на престојот во Скопје Мериот продолжува и на друго ниво. За гостите кои престојуваат во собите од повисока категорија достапна е единствената услуга во Executive Lounge просторот. Овој простор, кој исто така поседува автентичен печат во дизајнот на ентериерот, се состои од внатрешен бар како и отворена тераса со простор за релаксација и на располагање на гостите е достапен посебен рецепционер, храна и пијалаци.

За крај, да го споменеме и луксузниот Претседателски апартман, кој покрај сите додадени содржини, нуди и безвременски поглед на центарот на градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?