Во соработката на Трамп со Кина сојата е поважна од Украина
Објавено во: Колумни 03 Ноември, 2025 08:06
Заканата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за воена акција во Нигерија предизвика конфузија и вознемиреност кај Нигеријците. Ова го тврди „Вашингтон пост“. Тој додава дека населението низ целата земја се обидува да ја дешифрира заканата на Трамп. Тој и вчера изјави дека не исклучува праќање војска во Нигерија или воздушни удари врз земјата. „ Може да има многу работи, разгледувам многу варијанти. Тие убиваат рекордно количество христијани во Нигерија“. Ова беше потврдено и од воениот министер, Пит Хегсет. Пред неколку недели американскиот сенатор, Тед Круз го повика Конгресот да ја признае Нигерија за нарушувач на религиозните слободи, поради „масовните убиства на христијани“.
Во петокот американскиот претседател во неговата социјална мрежа ,Truth Social, напоиша дека „христијанството се судира со егзистенцијална закана во Нигерија и дека „радикалните исламисти носат одговорност за тој масовен колеж“. Сегашните најави на Трамп потврдуваат дека тој, чека најмал повод, домашните проблеми да ги замачка со закани на туѓ терен. И да ги тера лидерите да му коленичат. Така беше со европските и други ширум светот. А сега и со нигерискиот претседател Бола Тинубу.. И тој се подготвува да отпатува во Вашингтон на средба со Трамп. Во саботата тој публикуваше изјава во која не се согласи со изјавите за религиозна нетрпеливост. „Религиозната слобода и толеранцијата на нашиот колективен идентитет беа основниот принцип и секогаш ќе биде таков“, изјави Бола. Според него, „Нигерија е против религиозните гонења и не ги поддржува. Нигерија е земја со уставни гаранции за заштита на граѓаните од сите вероисповеди“. Бола со Грамп ќе треба да го разгледаат прашањето кого го гонат терористите. Дали христијаните или пак претставниците на сите религии.
ТРАМП ОМЕКНУВА
Доналд Трамп е во кавга и со Венецуела. Таа небаре е во американска поморска блокада. Се зборува и за воена интервенција. Дури се пишува и за воени сценарија. Поводот е наводната борба со нарко -трговците. И не само на море, туку и на копно. Во списокот на Трамп е и Колумбија. А не го мириса многу и Бразил, иако таа земја се’ уште јавно не е ставена во „црниот тефтер“ на Трамп. Може да се каже дека на Трамп не му се по мерка лидерите на овие три држави. Но ниту еден од нив не оди „да плаче“ во Вашингтон.
И, ако американскиот претседател покажува мускули кон некои држави, минатата недела во Јужна Кореја, на средбата со кинескиот претседател, Шји Џинпинг немало ни „з“ од закани. Од 1 до 10, средбата ја оцени дури со „12“. А колку врева се креваше минатите месеци и недели околу царините, ретките метали, фентанилот, социјалната мрежа „Тик-Ток...Па и заканите со казни за купување руска нафта од страна на Кина.
Како што пишуваше „Фактор“ минатата недела, преговарачите на двете земји го усогласија трговскиот договор, кој Трамп и Шји го испеглаа. По средбата во Пусанг, Трамп даде изјава во која ги нагласи сите точки од нивниот разговор. Рече дека „Шји Џинпинг е водач на моќна земја“. Дека се донесени неколку многу важни одлуки. Трамп верува дека ќе се потпише трговскиот договор. Купувањето соја и други производи од американските земјоделци ќе почне веднаш, што за Трамп е многу добро.. Двете страни се согласиле да направат се’ да се спречи шверцот на кинески фентанил во САД. Сложено прашање за кое уште ќе се разговара. Но одлучено е САД да ја преполоват т.н. доплата за фентанил врз стоката увезена од Кина. Разговарано е и за чиповите. Кинескиот претседател рекол дека САД веќе испорачуваат моќни чипови во Кина. Пекинг подоцна ќе разговара и со „Нвидија“. Постигнат е договор и за други прашања. Трамп во април ќе лета во Кина, а потоа Шји ќе дојде во Вашингтон или во Палм Бич. Разговарано е и за руско-украинскиот судир. „Разбираме дека натамошната ескалација дојде во ќорсокак. Тоа е лудо, но Шји Џинпин ќе ни помогне. Работиме врз постигнување решение. Што се однесува до руските залихи нафта. Кина ја купува веќе долго, Тоа им е важно, но денес тоа не го сопревме. Ќе разговараме подоцна, кога ќе најдеме решение кое му одговара и на Пекинг и на Вашингтон“ рече Трамп.
„Г-2“
Конкретно, постигнатиот договор предвидува американските царините од 57 да се намалт на 47 проценти. Ништо од најавите на Трамп тие да се зголемат на 100 проценти и дека ќе стапат на сила на 1 ноември. Пекинг ќе ги тргне ограничувањата на извоз на ретките метали. Договорот ќе трае една година, а потоа ќе се преразгледува. Се очекува договорот да биде потпишан наскоро.Трамп по средбата на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека „средбата ќе доведе кон вечен мир и успех“’. Додавајќи дека разговорите можат да се натречат „Среба на „Г-2“, аналогно на „Г-7“ или „Г-20“.
Кинескиот претседател на средбата, како и порано користел метафори за да го потенцира нејзиното значење во иднината. Ветер, бранови, пејзажи, бродови...Тој на средбата забележа дека и покрај разликите односите меѓу двете земји остануваат стабилни. „Нормално е од време на време да се појавуваат триења меѓу двете најголеми економии. Ние како кормилари на бродот на кинеско - американските односи мораме да го држиме вистинскиот курс и да обезбедуваме постојан напредок“, нагласи Џинпинг. Тој смета дека двата економски тима постигнале фундаментален консензус за клучните прашања, па го пофали Трамп за неговиот „придонес кон мир“, со договорот за прекин на огнот во Газа и декларацијата за мир на границата меѓу Камбоџа и Тајланд. „Современиот свет се соочува со многу сериозни предизвици. Кина и САД можат да ја преземат својата одговорност, како големи сили, и заедно да работат за да се постигнат уште поголеми и конкретни резултати во полза на нашите две земји и светот’, рече Шји.
Што може да се каже за резултатите од средбата? Некои западни медиуми сметаат дека станува збор за попраз на САД. Западни медиуми пишуваат дека американскиот претседател одново го сменил ставот и да се намалува негоивата жалба за зголемување на притисокот врз Русија. Медиумите овој заклучок гоизвлекуваат од изјавата на Трамп дека со Шји не разговарал за руската нафта, но и од извештаите за намалување на бројот на амењрикански трупи во земјите од Источна Европа и надавањето ракети „Томахафк“ на Украина. Ставено е под прашање и засилувањето на санкциите кон Русија. Отсуството на сериозен притисок врз Пекинг значи дека руската нафта и натаму останува клулен извор на финансии за воените напори на Москбва. Независно што пред една недела ЅТрамп воведе ограничувања за руски нафтени компании. Ваквиот однос на Трамп кон руската нафта и КИна покажѓува дека приоритет на ЅТрамп е воспоставувањето на стабилни кинеско – американски односи и склучување на „сјаен“ , како што изјави, трговски договор со втората економија во светот.
Трамп секако се водеше од американските интереси. Но и од неговите. Во време кога САД е поделена земја, со поделен народ, нему ќе му треба голема поддршка. Ако не од други, тогаш од руралната Америка. Затоа и изјави дека е многу добра зделката за сојата. Тоа значи дека таа во моментов му е поважна отколку да врши притисок врз Шји, околу нафтата со која Русија ја финансира војната во Украина. А можеше да предизвика и револт кај Шји. За сојата проговори и министерот за финансии на САД, Скот Бесент. Кина годинава ќе купи 12 милиони тони соја. Дополнително, Кина се согласила во наредните три години да купува по 25 милиони тони соја годишно. „Значи, нашите прекрасни фармери кои одгледуваат соја и кои Кинезите ги користеа како политички заложници – тоа е веќе минато и сега тие ќе треба да напредуваат во наредните години“, изјави Бесент.
РАЗГОВОР ПУТИН - ЏИНПИНГ
Оптимизам во поглед на развојот на односите со Кина, сподели и министерот за војна Хегсет. Тој нивните односи ги нарече „добри како никогаш досега“. Тој имаше средба со неговиот кинески колега. Договорено е каналите за комуникации меѓу министерствата да бидат отворени за деескалација и спречување конфликти.
Резултатите од разговорите зборуваат дека на нив фокусот бил ставен врз итните билатерални економски прашања. Дебатите за односот на Кина кон Русија или пак војната во Украина се оставени настрана. За нив е потребна посериозна подготовка. Тоа значи и време. Добро е што Трамп очекува помош од Кина за Украина. Иако, Европа не мисли така. Па ни Украина. Тие сметаат дека Кина е за одолговлекување на војната. Таква изјава има дадено, Каја Калас, првиот меѓунардоник на ЕУ, повикувајќи се на некогашен разговор со нејзиниот кинески колега Ван Ји. Демек, тој посредно се обидувал да и даде до знаење дека Кина не сака крај на војната. Што пак, и било потврдено во разговор со јапонски експерти!
Во Русија разговорите, во експертските кругови, се оценуваат како добредојдени, иако на нив не се отстранети некои пречки, кои можат одново да ги подгреат кинеско-американските несогласувања, Кремљ, пак, вели дека е подготвен за евентуален телефонски разговор меѓу претседателите Владимир Путин и Шји Џинпинг. Тоа е веќе воспоставена практика.
Како и да е може да се зборува дека средбата на Трамп и Шји, е времено примирје во кинеско-американското трговско соперништво. Мала победа во меѓусебните односи. И многу битна за двете страни. Критиките од некои западни медиуми за „пораз на Трамп“, особено околу Украина, и слично, повеќе се одраз на традиционалното мислење кое ќе мора да се менува. Но нема глас од европски политичари. Можеби се плашат да не го „налутат“ Трамп.
Мери Дежевски, во „Економист“ за критиките напиша дека тие можат да одразуваат не само претерани очекувања, туку и неможност на дипломати, политичари и. секако, медиуми, да се помират со Трамповото однесување „во странство“. „Можеби е време да се навикнеме на свет во кој влијателни лидери се среќаваат и разговараат без непотребни точки и запирки во заедничката декларација или дури без однапред договорен дневен ред, утврден во текот на многубројни состаноци на помошниците“, пишува Дежевски.
Трамп и Шји се сретнаа. Да почекаме каква ќе биде реакцијата на официјална ЕУ, Украина, Британија. Русија сигурно ќе го чека телефонскиот разговор со Шји. За неделава во Мадрид е закажана средба на „Коалицијата на согласните“. Можеби ќе пуштат глас за да се чуе нивниот став.
Мирче Адамчевски
*Ставот во колумната не е став на редакцијатаМожеби ќе ве интересира
Корумпираните соработници можат да го урнат Зеленски





