Во Србија ќе се патува само со негативен ПЦР тест
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Декември, 2020
Во соседна Србија ќе се патува само со негативен ПЦР тест.
Србија ги заострува правилата за влез во земјата. Негативен ПЦР-тест ќе биде неопходен за влез во Србија од 20 декември. Мерката во зависност од развојот на епидемиолошката состојба, може да трае до 10 јануари. По завршувањето на денешната седница, членката на ова тело и министерка за труд и социјална работа, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, најави дека на државјаните на Србија, кои ќе пристигнат на граница без негативен тест не постар од 48 часа, ќе им биде дозволен влез поради уставните права, но со задолжителен карантин од десет дена, кој може да биде покус ако во меѓувреме личноста се тестира, а резултатот е негативен.
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 4.932 случаи на коронавирус, а починале 49 пациенти. Тестирани се 15.765 луѓе, а 334 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.