Добивај вести на Viber
Струјата во Србија можно е да поскапи од први август. Како што соопшти српски „Танјуг“, Агенцијата за енергетика на Србија добила официјално барање за поскапување на електричната енергија за домаќинствата за 10,9 отсто.
Од Агенцијата наведуваат дека може да се очекува струјата да поскапе од први август, имајќи во предвид дека е неопходно компанијата „ЕПС снабдување“ 15 дена претходно да ги извести потрошувачите за тоа.
Предлогот за поскапување на струјата претходело на интервенцијата на Агенцијата до „ЕПС снабдување“, кое претходно барало тоа поскапување да биде уште поголемо, да се отстранат сите неоправдани трошоци од тоа барање за поскапување.
Предложено е цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 10,9 отсто.