Добивај вести на Viber
Иако цените на нафтата и нафтените деривати на светскиот пазар значително паднаа, во последно време во повеќе земји на Балканот истовремено цените на нафтата значително се зголемија или не се менуваат.
Според последните податоци, цените на нафтата во светот од почетокот на годината паднаа за 90 американски долари по барел, што е најниско ниво во последните неколку години. Резервите на горивото произведено во САД, но и очекуваниот пад на побарувачката по обесхрабрувачките податоци за кинеската индустрија ја намалија цената на нафтата во светот.
Сепак, во земјите на Балканот намалување на цената на горивото не е забележано како што очекуваа граѓаните од регионот. Во Хрватска и Босна и Херцеговина горивото дополнително поскапе, што претставува голем товар за и така тенките џебови на домашните потрошувачи во тие земји.
Така од пред неколку дена на многу бензински пумпи во Босна и Херцеговина горивото поскапе за 0,05 КМ по литар. Така, според најновите податоци, цената на безоловен 96 октани изнесува 1,20 евра, безоловен 98 октани 1,22 евра и дизелот 1,20 евра.
Исто така, во Хрватска дојде до поскапување, па според новите цени литар безоловен 96 октани изнесува 1,35 евра, безоловен 98 октани 1,40 евра и дизел 1,25 евра. Економскиот аналитичар на Надворешно-трговската комора на БиХ Дуљко Хасиќ, за агенцијата Анадолија рече дека цените на нафтата и на Балканот треба да се намалат поради трендот на поефтинување на горивата во светот, посебно во САД и во Кина.
Тој потсети дека обичното гориво во БиХ поскапува кога доаѓа до поскапување на нафтата во светот. Меѓутоа, многу ретко се случува нафтата во БиХ да поевтини кога ќе дојде до пад на цените на горивото во светот. Пазарот е препуштен сам на себе, така цените на нафтата во БиХ и регионот не се реални, ако се има предвид лошата економска состојба на граѓаните, нискиот животен стандард, БДП и куповната моќ на населението, вели Хасиќ.
Просечните цени на горивата во Србија се пониски во однос на цените кои важеа на крајот на 2012 година. Така цените на нафтата во Србија изнесува: Еуро Премиум БМБ 95 1,32 евра и Дизел 1,32. Интересен е податокот дека цената на горивата во Србија секои 15 дена се усогласува со цените на светскиот пазар.
Цените на нафтата и нафтените деривати во Црна Гора не се менуваа значително, па така цената на безоловен 98 и 95 моментално изнесуваат 1,32 евра.
Како во Србија, цените на горивата во Црна Гора секои 15 дена се усогласуваат со движењето на светскиот пазар на нафта.
Исто така, цените на горивата во Словенија достигнаа рекордно ниво, па така литар безоловен 95 во Словенија изнесува 1,48 евра, безоловен 98 1,52 евра и литар дизел 1,35 евра.
Хасиќ напоменува дека државата е одговорна за дивеењето на цените на нафтата, потенцирајќи дека мора да постојат одредени параметри при формирање на цените на горивата. Најважно е цените на нафтата во БиХ да се формираат според вистинските промени на цените на нафтата во светот, како и резервите на нафтените деривати. Исто така многу значајно е да се има предвид куповната моќ на населението кај формирањето на цената на нафтата во БиХ и земјите од регионот.
Ако го гледаме остатокот од Европа, најскапо гориво и понатаму е во Норвешка која исто така забележа пад на цените во однос на минатата година. Литар безоловен 95 во таа земја е 1,97 евра, литар безоловен 98 е 2,07 евра, а цената на дизелот е 1,80 евра по литар.
Од друга страна, најниски цени и понатаму се во Русија која е богата со нафта, каде литар безоловен 95 е 0,79 евра, додека литар дизел е 0,81 евро.