Во светот регистрирани повеќе од 101 милион случаи на Ковид - 19
Објавено во: Свет, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
Во светот се регистрирани повеќе од 101 милион случаи на Ковид - 19.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на пандемијата досега има 101,561,219 потврдени случаи на коронавирус во светот. Бројот на починати е 2,196,944. САД, Индија, Бразил, Русија и Британија се земји со најмногу заразени луѓе со коронавирусот. Зад нив се Франција, Шпанија, Италија, Турција и Германија. Следни се Колумбија, Аргентина и Мексико. Ако претходно, на островските земји немаше смртни случаи, сега има по неколку. СЗО прогнозира дека и оваа 2021 година нема да се збогуваме со пандемијата.
Нормално лето можеме да очекуваме дури во 2022 година. Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен тврди дека светот долго време нема да се врати во „нормалноста“ поради пандемијата на коронавирусот. Тој не верува во можноста за слободно патување во текот на ова лето. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.