ВО ТРИБЕКА СИНОЌА БЕШЕ ХАОС, ФРЛАЛЕ И МАСИ И СТОЛИЦИ: Директорот на Пазарен инспекторат Пауновски за Фактор
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2021 10:15
Во повеќе градови
синоќа инспекторите на Пазарниот инспекторат затвориле повеќе угостителски
локали заради прекорачување на работното време, како и поради не придржување на
протоколите за превенција од Ковид-19. Директорот Стојко Пауновски, утринава за
Фактор потврди дека најтешко поминале во Скопје во обид да ги затворат оние кои
не ги почитувале мерките.
-Во Скопје беше најнапнато. Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос. Се фрлале и маси и столици. Изречени се казни за прекорачување на работното време. Не ми е јасно како народов не разбира дека работното време е до 21 часот. Инспекторите ми се јавија неколку пати, „што да правиме“, прашуваа. Јас бев дециден им реков, празнете, затворајте. Што да кажам, тоа се случува постојано. И во Волково, во куќа-ресторан едвај успеале да ги затворат. Оставаме последна фискална сметка некогаш да издадат и во 21.10, но сведоци сме на издадени сметки и во 21.25. Што е многу, многу е. Записникот од Волково на пример е направен дури во 4.15 утринава, катастрофа, цела ноќ се расправаме, вели Пауновски.
Директорот додава дека слична ситуација имале синоќа и во Прилеп, а во штипскиот регион пак, во кафеаните биле изречени казни за пушење.
-Во Прилеп се шири новиот сој, секој ден имаат голема бројка на новозаразени, и ќе продолжи таков тренд се додека се расправаме за вакви работи, ништо не се почитува, посочува директорот Пауновски.
Инаку, како што претходно објави Фактор, за ситуацијата во „Трибека“ гостите објавија на социјалните мрежи дека во физичката пресметка биле фрлани столици кон шанкот.
А.Б.
ФОТО/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




