19 Декември, 2025
0.0452

Во услови на зголемена закана, во тек е регионалната иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2025 11:05

Добивај вести на Viber

Пожарите на ниво на предел претставуваат сериозна закана и сè поголем предизвик за регионот на Западен Балкан, оставајќи долготрајни последици врз екосистемите, населението и економијата.

Со засилена регионална координација и заедничко делување на наделжните министерства преку Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан се поставуваат темелите за подигање на јавната свест за ризиците од пожари  и зголемена отпорност на пределите, преку одржливо управување со екосистемите.

Наместо традиционални пристапи кои се фокусираат исклучиво на гаснење пожари, програмата го применува концептот на интегрирано управување со пожарите на ниво на предел — поттикнувајќи интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и изградба на отпорни природни предели кои можат ефективно да одговорат на заканата од пожари.

Превенцијата е во срцето на оваа иницијатива и има за цел да обезбеди одржливо управување со природните ресурси на начин што еднакво ги штити и луѓето и екосистемите.Целта е да се создадат предели отпорни на пожари, како и  заедници кои во иднина ќе ја продолжат оваа иницијатива на регионално ниво. Регионалната иницијатива е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како стратешки партнер и опфаќа едукативни активности, развој на политики и практична ангажираност низ земјите на Западен Балкан.

Природата е наша заедничка одговорност, а секој чекор кон превенција прави голема разлика. Над 90% од пожарите на ниво на предел во регионот се резултат на човечка невнимателност — факт што недвосмислено укажува дека решението е во нашите раце. Ги повикуваме сите чинители на свесност, вклученост и одговорност, со цел да ги заштитиме природните предели и да обезбедиме сигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Со здружени напори и долгорочна визија, можеме да тежнееме кон амбициозна, но остварлива цел: нула пожари предизвикани од човечки фактор.

Благодарение на континуираната поддршка и партнерството со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, иницијативата добива стабилна основа за долгорочно и одржливо влијание во регионот. Силно веруваме дека една постапка може да промени сè.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка