Во вчерашниот пожар во Карпош4 изгоре музичко студио: Останаа тапаните како неми сведоци на стотици часови свирење и создавање песни
Објавено во: Македонија 22 Август, 2025 15:37
Во големиот пожар кој избувна вчера на пладне во бараките на Макотекс во Карпош 4 покрај кејот на Вардар во Скопје, изгореа повеќе бараки кои се користеа за најразлични бизниси, од лимарија до печатење и текстил. Но, оганот „голтна“ и едно музичко студио.
Меѓу пеплосаните остатоци, останаа само тапаните — неми сведоци на стотици часови свирење, вежби, кавги и помирувања, создавање и градење на музика.
Сите музичари, пејачи, продуценти знаат дека музичкото студио не е само место со добра акустика.

Тоа е засолниште за сите што не можат да го замислат животот без музика. -Често ги гледавме музичарите со своите инструменти кои поминуваа покрај нашата зграда, а потоа звуците на нивните песни стигнуваа до нашите домови. Не го познавам сопственикот- вели жителка од зградата веднаш до бараките кои изгореа.
Во тие простории се родија првите акорди на многу песни што подоцна ја најдоа својата публика. Во тие ѕидови беа вткаени амбиции, неуспеси, почетоци и повторни обиди. Секој музичар што некогаш стапнал таму, ја оставил својата трага — низ вибрациите во воздухот, низ некој заборавен кабел, низ смеењето на пауза меѓу две проби.
Тешка е патеката на музичарот. Често невидлива, без гаранција, без сигурност. Само љубов кон звукот и копнеж да се каже нешто што не може да се изговори, туку само да се отсвири. И кога конечно се најде простор што станува втор дом — каде можеш да бидеш свој, гласен, ранлив — и тој простор згаснува во пламен, чувството е како да изгубиш дел од себе.Се обидовме да стапиме со сопственикот, но тој не е во земјава.
Останаа тапаните. И тие ќе зборуваат. За сите што минале таму. За сите што сè уште веруваат дека вреди.
Остана емоција во воздухот, која е посилна од секој пламен.
@zenski.magazin 21.08.2025 Пожар Карпош4-Скопје #fire #Skopje #pozar #zenskimagazin
original sound - Zenski Magazin
@zenski.magazin 21.08.2025 Пожар Карпош4 #fire #pozar #karpos4 #skopje
original sound Zenski Magazin
С.А.Н
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




