Во Велес имаше инцидент поради неносење на заштитна маска
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Август, 2020
Инцидент изби пред банка во Велес поради неносење на заштитна маска.
Вчера во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека бил на работа, физички го нападнал од Б.Ш.(52) од Велес.
На нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19.
Пријавениот е приведен во Полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе му биде поднесена пријава.
Носењето маска е задолжително онаму каде не може да се одржува дистанца.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.