Во војните во Сирија и Ирак учествувале околу 300 косовски албанци
Објавено во: Балкан 05 Март, 2015 11:48
Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени изјавил дека околу 300 косовски граѓани досега учествувале на војните полиња во Сирија и Ирак.
Приштински медиуми објавиле и дека истражни органи водат истрага против вкупно 135 лица осомничени за тероризам. Се наведува дека истрага се води против осомничени лица поради поттикување за учество во војни надвор од Косово, главно во Сирија, на страна на терористички организации.
„Во специјалното обвинителство на Косово се префрлени осум случаи од 2014 година. Во четири од случаите под истрага се 19 лица, во два случаја се две лица, додека еден случај е во прелеминарна фаза од истрагата“, изјавила портпаролката на обвинителството, Лиридона Козмачи-Хајдарај.
Во специјалното јавно обвинителство 117 лица се осомничени за тероризам, а во текот на оваа година се поднесени четири обвиненија против 14 лица за кои постои сомнеж дека поттикнувале кривични дела, учествување во терористички акти и групи или обезбедување финансиска поддршка, нагласи Козмачи-Хајдарај.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




