29 Март, 2024
0.0265

Во заблуда сте ако мислевте дека парите го движат бизнисот-Тоа го прават овие три нешта!

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„Реалноста на започнувањето бизнис е дека е навистина, навистина тешко да се успее. Знам, бидејќи ги имам лузните да го докажам тоа.

Ми беше потребно повеќе од една деценија и еден куп болка и фрустрација за да го донесам Infusionsoft таму каде што е денес - растечка компанија со повеќе од 650 луѓе, ракажува ко-основачот и генерален директор на Infusionsoft Клејт Маск.

Тој вели дека ако погледне назад кон тоа зошто сакал да почне бизнис на прво место,тоа не е затоа што бил во потрага да стане богат.

„Секако, сакав да имам финансиски успех по патот, но тоа не беше движечкиот фактор. Со текот на времето, дојдов до сознание дека трите движечки фактори зад мојот успех се страста, слободата и импактот.

И не сум сам. Имајќи работено со илјадници мали бизниси во текот на изминатата деценија, стана се повеќе и повеќе очигледно дека страста, слободата и импактот се она што е навистина важно кога станува збор за создавање на успешен бизнис“, вели Маск. 

Еве еден поглед одблизу:

Страст

Ова може да изгледа само-објаснувачко, но страста е повеќе од само она што ве движи. Да не звучам банално, но се работи за она што навистина го сакате. Страста ви обезбедува многу посебен поглед на светот што другите често не го гледаат. Вие сте во можност да ја имате оваа визија, бидејќи тоа е нешто што го сакате и во кое верувате.

Секој успешен сопственик на мал бизнис и претприемач мора да има страст која го тера напред - суштинско верување кое ги тера да притискаат, иако другите не мора да значи дека ја имаат истата визија. Тоа е непоколеблива верба дека вашата идеја може да го промени светот.

Мојата најсилна страст е да им помагам на претприемачите и сопствениците на мали бизниси да успеат. Во почетокот, многу луѓе мислеа дека сме луди што веруваме дека подемна компанија – фокусирана само на успехот на мали бизниси - може да трае. Денес, Infusionsoft опслужува повеќе од 25.000 мали и средни претпријатија.

Ако размислувате за започнување на бизнис, застанете и запрашајте се себе си: Која е вашата вистинска страст? Што ве прави највозбудени за она што го правите? Разликата помеѓу оние кои притискаат низ тешки времиња и оние кои се откажуваат е страст.

Слобода

Вистинската слобода во Америка денес е способноста да го трошите вашето време и пари како што ви одговара. Креирањето на финансиска слобода за себе значи дека вие не само што можете да го растете вашиот бизнис и да ги платите вработените, но и да му го дадете на вашето семејство квалитетот на живот кој го сакате за нив.

Исто толку важно, слободата ви овозможува да инвестирате време и пари во каузи кои се важни за вас, без разлика дали тоа е со вашето семејство, пријатели или хобиа.

Финансиската слобода значи различни нешта за различни луѓе. За мене, знаев дека сакам да одам подалеку од обезбедувањето на основните потреби за моето семејство. Пораснав во големо семејство кој се гребеше од платата на татко ми. Тој беше професор во средно училиште, така да ние немавме многу. Поттикот да се постигне финансиска слобода ме служеше добро многу години. Сега наоѓам големо задоволство во знаењето дека јас помагам во создавањето на финансиска слобода за други.

Импакт

Импактот треба да биде во суштината на вашиот бизнис и никогаш не треба да чекате за да направите импакт. Јасно дефинирајте ги влијанијата кои сакате да ги направите со еден бизнис уште на самиот почеток и ќе имате поголема веројатност да ги постигнете ваши цели.

Многу рано во нашиот бизнис ние го направивме давањето и помагањето на другите клучен дел од нашата цел. Ако имањето на импакт е клучен дел од вашиот бизнис од првиот ден, ќе можете да извршувате влијание врз нечиј живот секој ден.

Запомните, во ред е ако импактот на вашата компанија прави промени со текот на времето. Клучот е да се има визија за тоа каков вид на импакт вашата компанија може да има и нека тоа биде движечка сила.

Страста, слободата и импактот сите треба да работат едногласно за една компанија да биде успешна. Без страст за вашиот бизнис, не може да ја имате слободата која ја посакувате или силата да направите импакт. Без слобода, никогаш нема да имате импакт и вашата страст е залудно потрошена. Ако не правите импакт не ја доживувате слободата која претприемништвото ја дозволува, ниту пак дозволувате вашата страст да биде исполнета.

Ако работите за да започнете бизнис или се мачите со сегашниот, направете чекор назад и идентификувајте ја вашата страст и што значи слободата за вас. Потоа, перетставете си го влијанието кое сакате да го направите. Работите ќе почнат да доаѓаат во фокус и вие ќе почнете да разбирате зошто го правите она што го правите секој ден.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка