„ВО ЗОО СКОПЈЕ ИМАМЕ ПОМОР И ЕПИДЕМИЈА“: Куќа на стравот од кога дојде Данела Арсовска, што друго кажа Кирков
Објавено во: Македонија 02 Август, 2023
Активистот Стефан
Кирков со силна осуда кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако
за два дена во скопската зоолошка градина угинаа три коњи. Случајот пред три
дена го пријави во полиција вработен во ЗОО Скопје, при што кажал дека коњите
угинале под сомнителни околности, односно дека се отруени. Вчера пцовиса уште
еден коњ.
-Помор на животни
во Скопската ЗООЛОШКА!!!Жирафата погина поради непрочистување од паразити што треба да е
рутинска нега, сега се отруени два
коњи!
Од кога дојде Данела Арсовска нашата ЗОО стана ќуката на стравот, се колат и
умираат животни!!!
Каде се сега друштвата за заштита со реакција и барање одговорност, во скутот на Данела и во управните одбори
и директорски фотелји, тие се
ФОТЕЛЈАШИ и ништо повеќе од тоа,перални за пари низ проекти и фондации!!!
Неспособноста на Данела не уназади на секое поле, и овде има од нејзините
рачишта во медот со тендерите за набавка на храна!
Жал ми е за животните но јас освен на
ФБ сум немоќен за ништо повеќе!
Новинари, охрабрете се и побарајте
одговорност и испитајте го случајот, ви стојам на располагање за сите изјави и
емисии со свои сознанија!, објави
Стефан Кирков.