Добивај вести на Viber
За 7.7 милијарди евра, Vodafone ќе го купи германскиот жичен оператор Kabel Deutschland, објавија од британската телекомуникациска групација. Откако ја доби поддршката на акционерите на германската компанија, групацијата ги информираше Ројтерс и Асошиетед прес.
„Покриен беше условот за минимум 75% одобрување на понудата“, посочија од Vodafone, додавајќи дека планираат да го затворат договорот до крајот на месецов.
Kabel Deutschland има широка мрежа кабел во Германија, која Vodafone ќе може да ја користи за да се прошири фиксната мрежа, широкопојасниот интернет и ТВ дистрибуцијата во земјата. Договорот треба да биде одобрен од европските регулаторни органи.