19 Март, 2024
0.0263

Водечката петорка бизнисмени во раководството на Комората

Објавено во: Економија, Колумни 09 Април, 2021

Добивај вести на Viber

М-р Живко Мукаетов, Хари Костов, Андреја Јосифовски, Илија Гечев и проф. д-р Кочо Анѓушев ги предводат компаниите кои прават годишен обрт над милијарда евра, вработуваат над 5.300 лица и со години се во врвот на листата на најуспешни компании.



Актуелната пандемија го помести кадровското доекипирање на Комората за една година. Едногодишното искуство покажа дека здравствено-економската криза е многу потежок проблем отколку што претпоставуваме во март минатата година. Иако нашите членки покажаа висок степен на цврстина и издржливост, сепак предизвиците пред нас се огромни. Комората како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во нашата држава мора да ги збие своите редови во пресрет на стогодишнината од своето постоење и во пресрет на големите предизвици во битката со коронавирусот, која што полека, но сигурно добива атрибути на вистинска војна со невидлив непријател.

Тоа од мене бара да ги повикам најспособните македонски бизнисмени да ни се приклучат во овие тешки моменти во првите редови на Комората и со своето оперативно и искуствено знаење да и помогнат и на Комората, и на државата кога им е најтешко и најпотребно.

Покрај постојниот кадровски состав, можам да објавам дека ќе ни се приклучат и двајца исклучителни бизнисмени кои долги години ги предводат најголемата банка и најголемата компанија кај нас со домашен капитал, господата Хари Костов и Андреја Јосифовски. Со тоа практично во врвот на Комората ќе бидат водечката петорка бизнисмени, заедно со актуелните потпретседатели Минчо Јорданов, Страшо Милковски, проф. д-р Глигор Бишев, Антонио Аргир и Сашо Наумоски.

Овие личности долги години активно се вклучени и во органите и телата на Комората. Еден од нив ја извршувал и функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија, а двајца од нив функцијата Заменик-претседател на Владата задолжен за координација на економските ресори.

Во раководството на органите и телата на Комората ќе ни се придружат и д-р Драгана Чифлиганец, проф. д-р Никица Мојсовска Блажевски, Боријан Борозанов, Сашко Самарџиоски, Виктор Мизо, Глигор Цветанов, Марта Наумовска Грнарова, Ана Таневска Ѓорѓиевска, Анатол Кутревски.


Комората која во своите органи и тела има 195 успешни македонски бизнисмени, во своето кадровско доекипирање ќе ги вклучи овие личности, кои што ќе ги водат новите облици на организирање кои ќе овозможат континуитет и напредок во нашето работење. Такви се  новоформираниот Совет за напредни технологии и унапредување на квалитетот во производството и услугите, Институтот за кадри во областа на извозот, Центарот за анализи, анкети и истражувања и Центарот за проектни активности, но новина во своето организирање ќе имаат и Советот на странски инвеститорите, Арбитражата, Судот на честа, Бизнис-Центарот за тренинг и обука, а Комората за првпат ќе добие и свој портпарол.

п.с. До крајот на месецот ќе го ставиме во функција новиот електронски систем за издавање документи и сертификати за потекло, со што целосно ја дигитализираме оваа процедура во Комората. Во меѓувреме, додека пандемијата трае, сите наши активности и состаноци продолжуваат без запирање, во онлајн формат. Имаме капацитети во електронска форма непречено да се одвиваат седниците на Собранието, големи меѓународни настани, секојдневните семинари и обуки, со капацитети до 1.000 лица.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија


Можеби ќе ве интересира

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?