Добивај вести на Viber
Обилините дождови кои последните денови ја погодија средна Европа и предизвикаа поплави во Германија, Чешка и Австрија веќе однесоа 13 жртви.
Во меѓувреме повеќе од 30 илјади луѓе од источниот град Хале во Германија, мораа да ги напуштат своите домови, откако реката достигна највисоко ниво во последните 400 години.
Но, дека и Балканот не е мирен јавуваат новинските извештаи според кои и на Хрватска и се закануваат поплавите, бидејќи Дунав е не највисоко ниво во историјата. Јужниот дел од Балканот, засега, според предвидувањата би требало да е безбеден.
Во Хрватска според зборовите на Хрватските експерти за одбрана од поплави, се уште не може да се знае силината на ударот, и тој бран е се уште во формирање.
- Проблемот е во тоа што во Средна Европа се уште има големи дождови кои ја хранат силината на Дунав. Ние се подготвивме, насипите се добри, меѓутоа инциденти се можни. За седум дена сите ќе гледаме кон небото, велат хрватските експерти.
Овој брана што сега беснее во Европа е втор или трет по силината во историјата.
Економските последици од него се уште се пребројуваат, но тие секако ќе бидат големи со оглед на огромните поплави, уништените родови, куќи, затворените погони и фабрики.