„Водич за вљубените“ – подарок од издавачкиот центар ТРИ
Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2013 18:30
Издавачкиот центар ТРИ ексклузивно за денот на вљубените, со две купени книги ја подарува и книгата „Водич за вљубените“
Иако можеби важи за еден од најкомерцијализираните празници, наближува 14 февруари Св. Валентин или попознат како денот на вљубените.
Со цел да им го олесни изборот на оние кои сакаат да купат романтичен подарок, издавачкиот центар ТРИ подготви пакет од два наслова „Да можеш да ме видиш сега“ од Сесилија Ахерн и „Посакувам да си тука“ од Франсеск Мираљес, кои доколку ги купите, како подарок ќе ја добиете книгата „Водич за вљубените“.„Водичот е исполнет со прекрасни совети, факти и анегдоти за љубовта, овој водич ве носи во светот на романтиката преку големите љубовни приказни од сегашноста и минатото, од литературата и од филмот, ви ги нуди најдобрите љубовни рецепти, ве носи на светските топ-дестинации за вљубените и ви нуди уште многу интересни начини да ја изразите љубовта, или пак да го натерате вашиот партнер да го стори тоа. Сѐ што е потребно да знаете за да бидете совршен љубовник, се наоѓа токму во оваа книга“, посочуваа од издавачкиот центар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





