Волшебните нешта се случуваат кога ќе падне мрак - со Samsung S22 Ultra секој момент ќе остане запаметен!
Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 10:46
Шминка и високи потпетици, фустан и костум, сè е подготвено за незаборавна вечер. Пријателите се тука, музиката е подготвена, а атмосферата копнее да остане запаметена засекогаш! Сè што ви треба е телефон кој совршено се прилагодува на секоја осветленост. Забавата може да почне!
За забавата да биде комплетна, а насмевките на вашето лице запаметени, Samsung го понуди најдобриот уред досега со камера која совршено одговара на ноќните услови - Galaxy S22 Ultra. Не мора повеќе да се грижите дали сликата ќе го долови вистинскиот момент! Ноќниот режим на S22 Ultra е подобар од било која камера досега.

Најубавите спомени засекогаш запаметени!
Кога се забавувате во текот на ноќта, потребна ви е камера која ќе продуцира фотографија, небаре сликате на дневна светлина, токму затоа опцијата наречена Nightography е револуционерна комбинација која овозможува ноќни сцени како никогаш досега. Гаранција дека ќе бидете ѕвезда на секоја забава се интелигентните опции Super Night Solution и Adaptive Pixel сензор, а благодарение на нив ќе добиете оптимално светли резултати и живи бои. Galaxy S22 Ultra има сензор со пиксели од 2,4 um - најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и податоци, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. Дополнително, подобрените објективи со Super Clear Glass на S22 Ultra ви помагаат да правите поубави и појасни ноќни видеа без отсјај. Исто така, видеото со автоматско кадрирање гарантира дека вашата камера го снима токму она што го сакате, без разлика дали се работи за едно или десет лица.
Night Solution функционира при правење портрети, при зумирање, но и на предната камера кога правите селфи. Ова значи дека можете да „кликнете“ без да се напрегате и да се прашувате дали забавата за паметење ќе заврши со матни и темни фотографии.

Истражете ја ноќта со најпаметната камера
Видеата на кои секогаш со задоволство ќе се навраќате се оние од бескрајното танцување со вашите пријатели. Смешни моменти, романтични неочекувани пресврти, но и материјал за социјални медиуми. Со зумирање што ќе ве приближи 100 пати поблиску до акцијата, Galaxy S22 Ultra не само што е најмоќната, туку и најпаметната камера на Samsung. Со новите функции базирани на вештачка интелигенција, како што е Portrait mode режимот, Galaxy S22 Ultraправи секоја фотографија да изгледа професионално. Со моќните функции на паметната камера која ја има S22 Ultra, секогаш ќе можете да направите импресивни фотографии и видео записи без разлика на осветлувањето. S22 Ultra може да се пофали со 4 камери:12MP ултраширока камера, 108 MP широка камера, две 10MP телефото камери и 40MP предна камера.

Креативност без граници!
Задоволството продолжува со опциите за монтирање и обработка на целиот снимен материјал, а уште подобро е тоа што ќе уживате гледајќи го на прекрасниот голем екран на Samsung S22 Ultra, кој се прилагодува на осветлувањето околу вас и на тој начин го подобрува контрастот на боите.
Водете се од инспирацијата што ви ја дава животот и претворете го дружењето во заеднички спомени на кои секогаш ќе бидете среќни да се навратите!
За да погледнете повеќе детали за овој модел посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




