ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Владата ќе прави нов закон за правилата на прогласување
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021 07:07
Владата планира да донесе сосем нов закон за прогласување на вонредна состојба. Потребата произлегла од пандемијата предизвикана од Ковид-19, кога требаше и да се прогласува вонредна состојба во државата. Институциите се на мислење дека досега имало слаба регулација на точните правила за прогласување на вонредна состојба и дека таа материја е уредена во повеќе заокни и во Уставот.
„Од причина што мал број на уставни и законски одредби се единствените кои ја регулираат вонредната состојба, се јави потреба од изготвување на посебен Закон за вонредна состојба, во кој детално ќе биде уредена оваа материја, стои во образложението на ЕНЕР во кое се најавува подготовката на законот.
Со новиот закон, се смета, треба да се направи јасна дистинкција помеѓу вонредната и останатите состојби воена, кризна и други состојби.
„Со овој предлог на закон се уредуваат постапката за утврдување на постоење на вонредната состојба, надлежностите, правата и обврските на органите на државната власт и локалната самоуправа за време на вонредната состојба, начинот на управување со вонредната состојба и надлежноста за донесување на уредби со законска сила, стои во објаснувањето.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




