ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО БЕЈРУТ: Сите службеници од пристаништето одат во домашен притвор
Објавено во: Свет 05 Август, 2020
Во Бејрут прогласена e вонредна состојба на две недели.
Либан прогласи вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа над сто луѓе, а беа повредени неколку илјади.
Владата одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот. Војската ќе проверува дали се во домашен притвор додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија.
Експлозијата се случи вчера попладне, а се смета дека е предизвикана од несоодветно чување на скоро 3 илјади тони амониум нитрат кој се користи за правење експлозиви, полнење гранати, но и за производство на вештачко ѓубриво.
Се верува дека соединението бил сместено на пристаништето од 2013-та година.
Лидерот на либанската екстремистичка организација Хезболах, Хасан Насралах претходно се заканувал дека ќе го уништи Израел со голема експлозија слична на онаа во пристаништето Хаифа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.